Околу 240.000 деца во изминатите три недели избегаа од државата Ракајн од Мјанмар во соседниот Бангладеш, соопшти УНИЦЕФ.
Портпаролката на УНИЦЕФ, Марикси Меркадо, изјави денеска дека тој број, кој изнесува околу 60 проценти од проценетите 391.000 вкупно избегани, вклучува околу 36.000 деца помали од една година, пренесе АП.
Таа наведе дека се претпоставува дека меѓу нив 52.000 се трудници и доилки.
Проценките се дека уште 1.100 малолетници кои се без придружба ја поминале границата минатата недела.
Меркадо зборуваше на редовниот состанок во Женева на кој учествуваа многу агенции на ОН кои учествуваат во решавањето на кризата во Бангладеш.
„Како што овде секој ќе ви каже, потребите се наизглед бескрајни и страдањата се продлабочуваат“, изјави таа.
Портпаролот на Меѓународната организација на ОН за миграции за областа на азискиот Пацифик, Крис Лом, рекол во телефонскиот разговор со него дека тие бројки биле груба проценка и додал дека додека луѓето ја преминуваат границата таму „нема никој со табела што ги регистрира“.








