Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Успешен крај на ликовната колонија „Аполонија“ во Гевгелија
Настани

Успешен крај на ликовната колонија „Аполонија“ во Гевгелија

јуни 23, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија и оваа годнина организира Меѓународна ликовна колонија која се одржува по 16-ти пат. На колонијата учествуваат репрезентативни ликови уметници од Македонија, Бугарија, Србија и Грција.

Покрај гевгелиските сликари Драги Хаџи-Николов и Јордан Јанев, учесници од Македонија се и сликарите Ниче Василев, Синиша Кашавалески и Александар Јовановски.

Ацо Ристовски, директорот на Фондацијата Аполонија, истакна дека сликарите во овие десет дена имаат можност да изработуваат дела по сопствен избор, инспирирани од гевгелиското поднебје.

„Престојот на уметниците кои ќе творат во рамките на Ликовната колонија Аполонија во селото Ума ќе биде искористен за создавање традиција, при која во знак на благодарност за гостопримството искажано од жителите на селото, Фондацијата Аполонија секоја година на црквата св.Пантелејмон ќе подарува по една оригинална икона, изработена од ученици во ликовната колонија. Во план е и, во соработка со соодветните институции, да започнат активности поврзани со конзервирање и обновување на фреските во црквата во Ума“, рече Ристовски.

Истите тие дела, според Ристовски, на публиката ќе и бидат презентирани на изложба по затворањето на самата ликовна колонија.

Уметничкиот фотограф, Рајко Р.Каришиќ и овој пат на Фондацијата ќе ѝ остави колекција на фотографии на платно посветени на црквата св. Пантелејмон во селото Ума.

Катерина Ноитси од Грција, пак, на овогодинешното издание на Меѓународната ликовна колонија се претстави со комбинирана техника, со која, со помош на бакарни ливчиња изработи гранка од грозје, библиска билка, препознатлива на овие простори.

Гостинот од Србија, Михаило Глигориќ – Глиша своето уметничко умеење го искажа со трудови изработени со посебна и ретко изведувана ер браш техника.

На колонијата досега учествувале 90 уметници со 300 уметнички дела. Инаку овогодинешната Меѓународна ликовна колонија во Гевгелија која започна на 12 јуни, ќе биде затворена утре, кога Фондацијата Аполонија ќе го прослави своето 10-годишно постоење.

Оваа идеја на организаторите, која е спроведена на дело на најдобар можен начин, е уште еден доказ дека Фондацијата „Аполонија“ постојано е посветена и на останатите сегменти на своето дејствување како општествено одговорна организација која стана препознатлива по спонзорствата и донациите во културата, животната средина, социјалната вклученост, образованието и многу други области.

Аполонија Гевгелија сликари Улм уметници фондација
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Концертот на Дејвид Гета ќе го блокира центарот на Скопје

септември 7, 2026

Во сабота се отвора најголемиот шопинг центар Гевгелија Мол

декември 11, 2025

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2025/2026

декември 2, 2025
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.