Уставниот суд денеска расправа за уставноста и законитоста на членот 175 од законот за електронски комуникации кој се однесува на обврските на телекомуникациските оператори за обезбедување технички услови за следење на комуникациите за органот кој е надлежен за тоа, односно Управата за безбедност и контраразузнавање.
Оваа иницијатива веќе беше на дневен ред во март, но расправата по неа беше одложена поради обемноста на материјалот.
Судијата известител за иницијативата е судијката Вангелина Маркудова која предлага да биде поведена постапка.







