Од „ЕВН Македонија“ информираат дека утре без струја ќе останат:
– во периодот од 7.30 до 8.30 часот корисниците од булеварот Борис Трајковски бр. 1, како и корисниците од улиците Есенинова и Балканска (општина Кисела Вода);
– во периодот од 07.45 до 15.30 часот корисниците од улицата од село Петровец кон село Огњанци, улицата 8 и околните подулички во село Петровец, објектите на „Еурека пласт“, „Фазанерија“ и „Еуроленд“, корисниците од селата Бадар, Кожле, Катлановско Блаце и Тотинци, како и тунелот кај Катланово (општина Петровец).







