Албанија поради ниските температури и ширењето на грип го одложи отварањето на училиштата после новогодишните празници.
Според прогнозите, температурата кон крајот на неделата ќе падне на минус 15 степени Целзиусови, а снег ќе има во цела Албанија.
Министерството за здравство предупреди вчера дека се „направени поволни услови за понатамошно ширење на вирус на грип“, и издаде наредба оваа недела да останат затворени сите градинки и основни и средни училишта, иако требаше да почнат со работа од денес.
Министерството, исто така, ги предупреди граѓаните да избегнуваат големи собири и да се држат настрана од болните со грип, и ги советуваше деновиве да останат дома.







