Откако шест лица во неделата загинаа во самоубиствен напад во центарот на Истанбул, вчера вечерта имаше нови експлозии во тој турски град.
Во квартот Фатих експлодираа три автомобили, а потоа пламенот се прошири на други паркирани возила во близина, јави новинската агенција „Минет“.
Огнот во улицата „Кочамустафа Паша“ го изгаснаа противпожарни екипи, а на снимките на социјалните мрежи се гледа огромен пожар.
Во овој момент нема никакви сознанија за причината за експлозиите и засега не е јасно дали се работи за несреќен случај или терористички чин.








