Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Клиниката за психијатрија со најсовремена опрема за дијагностика при спиење
Македонија

Филипче: Клиниката за психијатрија со најсовремена опрема за дијагностика при спиење

јануари 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Клиниката за психијатрија набави најсовремена опрема за дијагностика при спиење.

Опремата се состои од полисомнограф и актиграф, со кои се следат повеќе физиолошки функции во текот на спиењето, како и во текот на дневно-ноќниот ритам.

Со софтверска анализа на добиените резултати, а во соработка со проф. Кнегиња Рихтер Соколовска од Клиниката во германскиот град Нирнберг се спроведуваат соодветни дијагностички и терапевтски процедури, соопшти Министерството за здравство.

Воведувањето на оваа дијагностичка процедура, како што се посочува, е новина во психијатриските институции во земјата и во соработка со Фондот за здравствено осигурување достапна е за сите пациенти.

„Покрај оваа современа опрема, во изминатиот период на Клиниката за психијатрија се направени многу позитивни промени во однос на опремување и реновирање на капацитетите, но и нови вработувања и зголемувања на тимот. Во изминатите две години се реализирани и вработувања на сите нивоа, вработени се пет лекари, двајца психолози, три медицински сестри, како и три други вработувања. Клиниката досега располагаше со околу 80 вработени, а со голем обем и интензитет на работата, овие вработувања значително ќе придонесат за подобра и поефективна нега на пациентите. Во овој период Клиниката е целосно реновирана со нова опрема и мебел за пациентите и амбулантите. Комплетно се реновирани и опремени болничките соби за третман на хоспитализирани пациенти. Инсталирана е дигитализација на објектот, како и климатизација на сите простории. Целосно е реновиран и амбулантскиот дел и кровот на зградата. Со сето ова во голема мера е подобрена целосната состојба на Клиниката, изјави министерот Филипче.

Од Министерството истакнуваат дека воведени се и неколку нови методи за дијагностика и третман, нови дигитализирани табли за психолошки тестирања за когнитивни проценки и соодветни психотерапевтски процедури. Обновен е апаратот за транс-кранијална магнетна стимулација, набавен е тестот „ТОВА“ за дијагностика на состојбата на вниманието и хиперактивност кај деца и возрасни, а воведени се и дијагностички процедури таргетирани за деменции.

Отворени се неколку нови кабинети – за снимање на состојбата при спиење, за ментално здравје на жени во перинатален период, кабинет за деменција. Наскоро ќе почне да работи и кабинетот за телемедицина (телепсихијатрија), како и за невробиофидбек и за психомоторна реедукација.

Сите спроведени активности се дел од планираните активности според Националната стратегија и акцискиот план за ментално здравје, која беше подготвена од Националната комисија за ментално здравје, номинирана од министерот за здравство, а која е усвоена од Владата за периодот 2018-2025. Со овие документи се даде структура на реформа на системот за ментално здравје во државава, според современите текови и препораки, како од Светската здравствена организација, така и од сите релевантни интернационални институции и експерти, стои во соопштението од Министерството за здравство.

актуелно дијагностика клиника психијатрија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.