Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Лекот „Калидеко“ доцни, тој ќе пристигне наскоро во нашата држава
Градови

Филипче: Лекот „Калидеко“ доцни, тој ќе пристигне наскоро во нашата држава

јули 30, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за здравство Венко Филипче, на пратеничко прашање на пратеникот Кирил Пецаков од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за двомесечното доцнење на лекот „Калидеко“, кој им беше ветен на три болни деца на почетокот на јули, рече дека се надева оти за кратко време тој ќе стигне во нашата држава.

„Тој лек е за деца со цистична фиброза, кои имаат специфична генетска мутација. Лекот не може да им се даде на сите со таква болест, туку се идентификуваа три деца на кои и им се даде терапијата. Тој лек претходно го немаше во нашата земја. Стручниот тим на Клиниката за педијатрија имаше задача да го евалуира ефектот од лекот. Видовме дека тој навистина има ефект и го внесовме во нашата програма. Тоа е тој период, во кој сега чекаме да заврши процедурата. Беше најавено дека ќе пристигне. За жал, роковите се одолговлекуваат. Јас сум речиси секојдневно во комуникација со членовите на семејствата на децата и мислам дека за навистина кратко време ќе стигне во нашата држава, со што децата ќе продолжат со терапијата, која првпат ја добија, а која навистина им е потребна, објасни министерот Филипче.

На дополнително прашање на Пецаков, кога точно ќе стигне лекот, министерот рече дека следната недела треба да заврши целата постапка.

„Нас ни беше најавено од компанијата, која е единствена што го произведува лекот, дека ќе стигне тогаш кога кажавме. Верувам дека ќе биде следната недела. Но, не сакам повторно да се потпрам на нивните најави, затоа не кажувам точен датум, изјави министерот за здравство.

Во однос на едномесечното доцнење на инхалаторната терапија, министерот рече дека тоа не е во рамки на Министерството за здравство, туку болницата Козле. Тој рече дека ќе се распраша за проблемот и ќе му одговори на пратеникот Пецаков во писмена форма.

актуелно калидеко лек
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.