Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, 74-ти по ред, започнува вечерва со филмот „Downsizing“ (Намалување), социјална сатира на Александер Пејн со Мет Дејмон, Кристоф Валц и Кристен Виг во главните улоги.
Овогодишната програма на најстариот филмски фестивал нуди разновиден избор на филмови, а на црвениот килим очекуваат бројни ѕвезди од светот на филмот како Џејн Фонда и Роберт Редфорд, годинешни добитници на Златен лав за животно дело, кои ќе бидат доставени на 1 септември, и Мет Дејмон, Итан Хоук, Џорџ Клуни, Хавиер Бардем, Џенифер Лоренс, Пенелопе Круз, Мишел Фајфер, Хелен Мирен, Џулијан Мур, Френсис Мекдорманд.
Во официјална конкуренција ќе се натпреваруваат пет американски режисери, четворица Италијанци, тројца Французи, по двајца од Британија и Кина, и по еден од Мексико, Австралија, Израел, Либан и Јапонија кои ќе ги презентираат 21 филмови, на сите меѓународни премиери.
Меѓу нив е и очекуваниот „Suburbicon“, најновото режисерско дело на Џорџ Клуни, кој овој пат остана само зад камерата, за кое сценарио се потпишува заедно со браќата Коен. Филмот раскажува за питомо село од 1959 година и за совршено семејство каде што кражба во нивниот дом ќе предизвика хаос. Во филмот глумат Мет Дејмон, Џулијан Мур, Ное Џап и Оскар Исак.
Со ист вид на драма обоена со црн хумор ќе се претстави и британскиот режисер Мартин Мекдонаг во филмот „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“, со Френсис Мекдорманд во улога на лута мајка која ја изгубила нејзината ќерка и го напаѓа шефот на полицијата (Вуди Харелсон), обвинувајќи го за неспособност на три јавни закачени плакати.
Потенцијален хит може да биде и психолошкиот хорор „Mother“ (Мајка), на американскиот режисер Дарен Аронофски со Џенифер Лоренс и Хавиер Бардем во улога на брачна двојка, чии меѓусебни односи ги нарушува доаѓањето на мистериозни гости (Ед Харис и Мишел Фајфер).
Уште еден драмски заплет нуди и филмот „First reformed“ на холивудски ветеран Пол Шредер, со Итан Хоук и Аманда Сејфрид во главните улоги.
Фановите на фантастичните приказни на Мексиканецот Џулиермо дел Торо нестрпливо го очекуваат неговиот филм „Shape of Water“, кој, сместен во периодот на Студената војна, зборува за односот на нема жена (Сели Хокинс) и морското суштество кое научниците го кријат во тајна лабораторија каде што таа работи.
Интимната драма „Lean on Pete“ на Британецот Андреј Хаиг зборува за еден тинејџер препуштен сам на себе, додека австралискиот вестерм „Sweet Country“ на Ворвик Торнтон се занимава со неправдата во земјата незаинтересирана за судбината на Абориџините.
Французинот Роберт Жердигјан ќе се претстави со филмот „La Villa“, посветен на родниот Марсеј, а Италијанецот Паоло Вирци со филмот „The Leisure Seeker“ предводен од актерите Хелен Мирен и Доналд Сатерленд.
Филмот „The Insult“, на Либанецот Зиад Дојер, зборува за долгата правна борба меѓу либански христијанин и Палестинец, која се претвора во национален конфликт.
Веќе наградениот во Венеција за филмот „Libanon“, Израелецот на Семјуел Маоз се враќа со „Foxtrot“, трагична приказна за татко и син испратен на изолирана воена позиција.
Се очекува и филмот „Human Flow“, документарец на кинескиот дисидент Аи Веивеихo, кој снимаше миграции во 23 држави.
Со овие филмови за Златен лав се натпреваруваат и „Mektoub, My Love: Canto Uno“ на Абделатиф Кечиче, „The Third Murder“ на Кор-Ед Хирокаја, „Jusque’a la garde/Custodu“ на Ксавиер Легранд, „Ammore e malavita“ на браќата Манети, „Hannah“ на Андре Палор, „Angels Wear White“ на Вивиан Кју, „Una Famiglia“ на Себастијан Рис, „Ex libris-The New York Public Library“ на Фредерик Висман.
Жирито на 74. Фестивал ќе додели Златен лав за најдобар филм, Сребрен лав за најдобра режија, награда Coppa Volpi за најдобар актер и актерка и наградите за најдобро сценарио, и посебната награда на жирито „Марчело Мастројани“ за најдобар млад актер или актерка.
Претседател на жирито е актерката Анет Бенинг, а со неа за наградите ќе одлучуваат унгарската режисерка и сценарист Илдико Енјед, мексиканскиот режисер и сценарист Мишел Франко, британската актерка Ребека Хол, француската актерка Ана Моглалис, австралискиот филмски критичар Дејвид Стратон, италијанската актерка Џасмин Тринса, англиски режисер Едгар Рајт и кинески режисер, продуцент и сценарист Џонфан.







