Неколку десетици луѓе присуствуваа на речиси филмска сцена на станицата „Караѓорѓев парк“ во Белград, додека чекаа воз.
Драмата се случила кога наишол воз, токму во моментот кога мајката, водејќи го за рака својот мал син, минувала преку пругата.
Машиновозачот со сирената ја предупредил за опасноста, а преплашената жена потоа почнала да трча. Се приближила до перонот и се обидела да го крене синот, а тогаш на сцена стапил маж кој седел на блиската клупа, пишува Блиц.
Штом видел како жената и детето како бегаат од возот, веднаш скокнал на нозе и ги повлекол на перонот. Сите тројца паднале на бетонот, а само момент подоцна покрај нив поминал возот. Непознатиот маж потоа му помогнал на детето да стане, а тоа исплашено ја прегрнало мајка си.







