Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Фокс Њус го „потопи“ Си-Ен-Ен
СВЕТ

Фокс Њус го „потопи“ Си-Ен-Ен

јануари 15, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од 3 до 9 јануари 2022 година, Фокс Њус (FOX News Channel) беше водечка кабелска мрежа во САД, бидејќи Си-Ен-Ен доживеа неверојатен пад, губејќи речиси 90 отсто од својата публика од почетокот на 2021 година во повеќе категории. Оваа информација со доза на исклучителна радост ја објави токму Фокс њус.

Си-Ен-Ен просечно имаше по 2,7 милиони гледачи од 4 до 10 јануари минатата година, бидејќи мрежата имаше краток пораст по претседателските избори, но минатата недела падна на само 548.000 просечни гледачи, што е неверојатен пад од 80 отсто од вкупната публика годишно.

Фокс Њус во првата недела од оваа година имаше просек од 1,4 милиони гледачи, што е за 15 отсто помалку од првата цела недела од 2021 година, кога следеше циклус на вести што вклучуваше немири во Капитол.

Фокс Њус сега ги надмина Си-Ен-Ен и МСНБЦ, вкупно 21 недела по ред. Ги надмина и оние 1,1 милиони на ЕСПН, гледачи на НФЛ лигата, и заврши како најгледаната темелна кабелска опција.

Неверојатниот пад на Си-Ен-Ен е уште полош меѓу популацијата на која целат огласувачите, возрасните на возраст од 25 до 54 години, бидејќи либералната мрежа изгуби 86 отсто од гледачите и минатата недела заврши со само 113.000 просечни гледачи во таа клучна категорија, после просекот од 822.000 пред една година.

Меѓу гледачите на возраст од 18 до 49 години, Си-Ен-Ен изгуби речиси 90 отсто од својата публика во 2021 година и падна од 624.000 помлади гледачи на скудни 73.000.

Голем пад на МСНБЦ

И MSNBC, исто така, загуби значителна гледаност во споредба со истата недела минатата година, губејќи 67 отсто од вкупната публика, 80 отсто во клучната популациска група и 83 отсто кај младите.

МСНБЦ во просек имаше само 88.000 гледачи меѓу огласувачите во примамлива група и заврши дури и зад Си-Ен-Ен, кој во оваа категорија исто така не блеска. Фокс Њус ги уништи двете либерални опции со 223.000 просечни гледачи во клучната демографска категорија и задржа најмалку 65 проценти од гледачите во сите вкупни дневни категории.

Проблемот на Си-Ен-Ен за привлекување гледачи преовладуваше во ударниот термин од 8 до 23 часот, кога падна од вкупно 4,2 милиони гледачи во првата недела од 2021 година на само 705.000 минатата недела, што е намалување за 83 отсто. Телевизијата, исто така, загуби 89 отсто од своите гледачи во ударниот термин меѓу клучните групи и неверојатни 91 отсто од гледачите на возраст од 18 до 49 години.

МСНБЦ изгуби 66 отсто од вкупниот број гледачи во ударниот термин, 81 отсто од популацијата на возраст од 25 до 54 години и 84 отсто кај помладите, додека Фокс њуз задржа најмалку од гледачите, 55 отсто, во ударниот термин во сите категории.

„5“ (The Five) минатата недела заврши како најгледана кабелска телевизија, со просечни 3,4 милиони гледачи. „Такер Карлсон Тунајт“ (Tucker Carlson Tonight), пак, беше најгледаното шоу со просечни 561.000 гледачи во клучната категорија на гледачи.

Фокс: Американците му свртеа грб на Си-Ен-Ен

Минатата година, на 7 јануари, Си-Ен-Ен се пофали со известување за бунтот во Капитол што резултираше со најгледан ден во историјата на оваа либерална телевизиска мрежа.

Многу набљудувачи го исмеваа Си-Ен-Ен затоа што твиташе за успехот во гледаноста во текот на денот, кој презентерите на Си-Ен-Ен редовно го нарекуваат еден од најтемните денови во историјата на САД, но вкупната гледаност на годишнината од немирите покажува дека Американците во меѓувреме му го свртеа грбот на Си-Ен-Ен, пишува Фокс Њус.

Си-Ен-Ен имаше просечно 5,3 милиони гледачи на 6 јануари 2021 година, но не успеа да собере 1,5 милиони ниту во еден час од специјална програма на годишнината од немирите. На 6 јануари годинава, телевизијата имаше само 743.000 гледачи, што е пад од 86 отсто.

Најголемиот пад Си-Ен-Ен имаше во популацијата што ја посакуваат огласувачите за време на ударниот термин, кога од просечни 3,2 милиони гледачи минатата година падна на само 206.000 во 2022 година, што е неверојатен пад од дури 94 проценти.

Фокс Њус во просек имаше близу 1,6 милиони гледачи, 2,8 милиони во ударниот термин и 449.000 во ударниот термин во клучните демографски групи, потопувајќи ги така Си-Ен-Ен и МСНБЦ во сите категории на годишнината од нападот на Конгресот. Фокс Њус, исто така, беше лидер и во категоријата – кабелски вести, за време на известувањето за изјавите на американскиот претседател Бајден и потпретседателката Камала Харис, привлекувајќи 1,7 милиони гледачи.

актуелно гледачи капитол публика Телевизија Фокс
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.