Возачот на „Мерцедес“, Луис Хамилтон победи во денешната трка за Големата награда на Мексико во шампионатот на Формула 1.
Хамилтон со оваа победа, 83 во неговата кариера, дојде на чекор од освојувањето на шестата шампионска титула во Ф1.
Тој до триумфот дојде пред возачот на „Ферари“, Себастијан Фетел, и тимскиот колега Валтериј Ботас. На четвртото место, после многу проблеми во боксот, е Шарл Леклер од „Ферари“, петти е Александар Албон од „Ред бул“, а шести Макс Ферстапен.
Хамилтон до денешната победа во Мексико дојде пред се благодарение на само едно запирање за промена на гумите, додека сите други негови конкуренти по два пати влегуваа во боксот.
Тој 47 кругови мина со тврди гуми кои му овозможија да дојде до триумфот, а најголем малер имаше Леклер, кој при второто замиување во боксот имаше доста проблеми и не успеа да се врато на челпо на „колоната“.
(Фото: АП)








