Емотивен вовед во Големата награда на Монтреал во Формула 1. Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, се изедначи со легендарниот Ајртон Сена по бројот на пол-позиции во кариерата – дури 65. Семејството на Бразилецот, кој загина во трка во 1994 година, му подари на Бритенецот кацига од починатиот ас.
„Се тресам, ова е голем момент за мене. Ајртон ми беше омилен возач. Не само на мене, туку на многумина. Ме инспирираше да бидам најдобар. Неговото семејство му укажа голема чест, порача Хамилтон после квалификациите за Големата награда на Монтреал, која се возеше вчера доцна вечерта.
Рекордер по бројот на пол-позициите и понатаму е Михаил Шумахер, со 68. Британецот ќе има прилика и него да го престигне. Луис на подарок доби реплика од кацигата која Бразилецот ја носеше во 1987 година.
„Знаеме дека Хамилтон е голем фан на Ајртон, впрочем е и амбасадор на нашата фондација која помага за подобро образование за децата во Бразил. Нашето семејство е среќно заради успехот кој тој го направи и сугурни сме дека и Ајртон би се радувал што така талентиран возач го изедначи неговиот рекорд“, прача Бјанка Сена, роднина на легендарниот бразилски шампион.