Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Франција и се одмаздува на Британија со помалку струја
Европа

Франција и се одмаздува на Британија со помалку струја

октомври 9, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Франција оваа зима би можела да го намали, но не и целосно да го прекине снабдувањето со електрична енергија на британскиот остров Џерси, како дел од мерките за одмазда заради спорот околу риболовот, информираше францускиот министер за европски работи Клемент Бејне

Џерси според површината и бројот на жители е најголем остров во составот на Каналските острови. Оддалечен е само 23 километри од брегот на француската покраина Нормандија, а од Англија 140 километри. Иако има сопствена управа и законодавство и службено не спаѓа под територијата на Велика Британија, Џерси се смета на „крунски имот“, односно „територија за која е одговорна Обединетото Кралство“.

Да потсетиме, Велика Британија во мај испрати два патролни бродови од својата морнарица кон островот Џерси, откако француските рибари се заканија дека ќе го блокираат главното пристаниште на тој остров, а самата француската влада дури се закани со исклучување на електричната енергија со која го снабдува Џерси.

Тогаш, осумдесетина француску рибарски бродови го блокираа пристаништето Сент Хелиер, главниот град на Џерси, заради, како што тврдеа, скратувањето на нивните риболовни права после Брегзит, односно, откако Велика Британија службено ги напушти заедничкиот пазар и царинската унија на 31 јануари минатата година.

„Ние бараме од француската влада да им се обрати на властите во Велика Британија за да се промени состојбата во која денес се најдовме. Ако тоа нема ефекти, ќе превземеме нови мерки за одмазда. Дури и исклучување на електричната енергија за Џерси, затоа што неа ја контролира Нормандија“, изјави во мај регионалниот претставник на француските рибари, Хуго Лехајби, за „Гардијан“.

„Причината заради која навистина многу се лутиме е тоа што рибарските лиценци доаѓаат со технички рестрикции кои се различни за секој рибар, а таквите рестрикции се потполно илегални и ја кршат спогодбата и преговорите за Брегзит. На пример, рибар, од потполно нелогична причина, нема да има дозвола да лови риба во одредена зона во водите на Џерси. Друг нема да може да лови одреден вид на риба. Трет, пак, ќе биде ограничен на само една техника на рибарење и нема, на пример, да може да користи мрежа. Правилата се различни за сите“, објасни Лехајби.

И француската влада новите правила за пристапот на француските рибари во овие води ги нарече неприфатливи. Париз случајов го пријави во Европската комисија, тврдејќи дека тие нови услови се наметнати еднострано, без договор и дека се нечесни кон француските рибари.

Официјален Париз тврди дека немало никакви консултации на двете страни за новите услови. Рибарењето претходно било регулирано со Спогодбата од Гренвил, која во 2000 година ја склучија Лондон и Каналските острови со Париз и според која француските бродови можат да рибарат до пет километри од брегот на островот.

Со новата спогодба меѓу Европската унија и Велика Британија, француските рибари можат да продолжат да ловат риба ако можат да докажат дека и претходно оперирале во тие води.

 

 

 

(Фото: Франс 24)

актуелно англија Брегзит Велика Британија Гранција лондон остров Париз риба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.