Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез не знае дали ќе игра за Реал Мадрид следната сезона.
Според него, тој не зборувал за својата иднина со тренерот на шпанскиот тим Зинедин Зидан.
Колумбиецот, исто така, призна дека не зборува добро италијански јазик, по шпекулациите дека негов нов клуб е Наполи.
„Дали добро зборувам италијански? Не, лошо. Мојата иднина? Не знам. Мислам само на Купот на Америка. Сè уште не знам каде ќе играм, но сакам да останам смирен. Сето тоа зависи од Реал. Не сум зборувал со тренерот Зидан по враќањето во клубот. Никогаш, никогаш, никогаш.“







