Данскиот ракометар Микел Хансен потпиша нов договор со Пари Сен Жермен со важност до 2022 година.
Задоволство од продолжување на соработката искажа и 29-годишниот Данец.
„Го сакам клубот, соиграчите, градот Париз. Среќен сум што ќе ја продолжиме соработката и во следните години. Се надевам на добри резултати и нови успеси“, изјави Хансен.
Францускиот првак има амбиции да ја освои Лигата на шампионите и поради тоа ги обезбеди своите најдобри играчи на подолг рок.
Пред Хансен, нов договор со ПСЖ потпишаа и браќата Никола и Лука Карабатиќ







