Бурата „Ханс“ донесе ветришта и обилни дождови во Шведска и Норвешка, некои патишта се најдоа под вода, а дојде и до прекини во железничкиот и траектниот сообраќај.
Во Шведска во неделата се забележани повеќе од 25.000 удари од гром.
Во Малме дојде до краток прекин во снабдувањето со електрична енергија, без која останаа повеќе од 5.000 луѓе, објави телевизијата „СВТ“.
Поплавени куќи и подруми се пријавени во областа Вастернорланд на северот од земјата.

Норвешките метеоролози очекуваат влошување на ситуацијата во земјата и предвидуваат дека „Ханс“ може да стане најсилната бура во земјата во последните 25 години.
Норвешкиот метеоролошки институт, кој бурата ја нарече „Ханс“, издаде силни предупредувања за големи делови од јужна Норвешка кои ќе бидат во сила до денес навечер.
Некои општини се предупредени и за можни одрони и свлечишта.
Властите ги советуваа луѓето да работат од дома.
Очекувајќи силни ветрови, забавниот парк Конгепаркен во близина на Ставангер веќе објави дека денеска ќе биде затворен во посетители.
(Фото: Јохан Нилсон-АФП / ЕПА-ЕФЕ)







