Никола Тодоров се сретна со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Според соопштението од кабинетот на Тодоров, од двете страни била изразена силна поддршка за евроинтегративните процеси на Македонија и запотребата од примена на реформите неопходни за интеграција на Македонија во ЕУ.
– „Беше истакната и неопходноста од демократизација на партијата преку измена на статутот на партијата со цел ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да дејствува како европска, модерна центар-десна партија.
„Од страна на еврокомесарот беше потенцирано дека заканите и притисоците мора да запрат, и беше изразена јасна поддршка за одлучните и храбри чекори кои се во правец на интеграција на Македонија во ЕУ“, се вели во соопштението.







