Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Хан: Северна Македонија политички најстабилна во регионот и добра дестинација за инвестиции
Економија

Хан: Северна Македонија политички најстабилна во регионот и добра дестинација за инвестиции

мај 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Политичката стабилност на Северна Македонија е најдобра во регионот, а уште еден доказ за тоа беа успешно спроведените претседателски избори, истакна еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан денеска на отворањето на Виенскиот економски форум.

Во таа насока, Хан ги охрабри компаниите од Република Австрија да инвестираат во нашата земја бидејќи, како што рече, тоа значи поголем профит за земјата и отворање на нови работни места.

Адресирајќи го напредокот на Република Северна Македонија во сите сфери, еврокомесарот Хан го изрази своето очекување земјата да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија и до крајот на оваа година да бидат отворени и првите поглавја.

Премиерот Зоран Заев денеска во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија. Покрај премиерот Заев, воведни обраќања имаа и д-р Томас Арнлоднер, извршен директор на А1 Телеком Австрија Групација и член на одборот на Виенскиот економски форум, како и Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев заблагодарувајќи им се на сите инволвирани што годинешниот Виенскиот економски форум се одржува за разгледување на инвестициските можности исклучиво во Северна Македонија, истакна дека Австрија е силен сојузник на нашата држава во евроатлантската интеграција.

Премиерот Заев нагласи дека во изминатите 10 години Австрија беше најголем инвеститор во Северна Македонија со 392,2 милиони евра што изнесува 13,2 отсто од вкупните странски директни инвестиции во државата.

Тој потсети на успешно спроведенитите претседателски избори, како и за Договорот од Преспа, кој е решение на огромен проблем, а кој резултираше со продлабочување на соработката помеѓу Република Северна Македонија и Грција.

Говорејќи за реформите што се во тек, премиерот Заев се осврна на судските реформи, реформите во безбедносниот систем и јавната администрација, како и борбата против корупцијата, кои остануваат врвен приоритет во работењето на Владата.

„Во периодов од 22 месеци откако актуелната Влада дојде на власт, ние ја вративме демократијата и функционалните демократски институции од она што до неодамна беше заробена држава, посочи премиерот Заев, додавајќи дека „тие приоритети се идентични со нашата пристапна агенда за ЕУ“.

Република Северна Македонија, како што нагласи Заев, нема друга алтернатива за интеграцијата во ЕУ и НАТО и повеќе од 75 отсто од населението ги поддржува таквите аспирации.

„Денес сме подготвени и политички и институционално. Ние цврсто веруваме дека заслужуваме одлука заснована на заслуги и веруваме дека и ЕУ ќе испорача, посочи Заев.

Премиерот додаде дека 2019-та година ќе биде година на економијата, како продолжение на економскиот напредок од минатата година.

„Во 2019 година, имаме натамошен раст на индустриско производство од 8,8 отсто во производство, што главно се должи на производството на машини, возила, пијалаци и основни метали. Успеавме да ја намалиме невработеноста под 20 отсто откако сме во Владата. Економскиот раст во 2018 беше 2,7 отсто, по раст од 0,2 отсто во 2017 година. Извозот во првите три месеци од 2019 година се зголеми за 16,8 отсто, истакна Заев.

Пред бројните австриски компании и бизнисмени премиерот Заев го изрази своето очекување дека ова лето Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите, бидејќи како што истакна премиерот Заев земјата и покажа на цела Европа како преку дијалог и соработка се решаваат долгогодишни проблеми.

„Нашата земја има поизитивен импакт и на целиот регион. Сега Северна Македонија е единствената земја во регионот којанема отворени прашања со ниту еден сосед. А кога постои договор следат и економските резултати, нагласи премиерот Заев.

Тој исто така додаде дека и натаму Република Северна Македонија ќе биде пример за целиот регион, дека земјата и натаму ќе биде сигурна и стабилна, земја која се грижи и на инвеститорите им нуди соодветни услови за развивање на својот бизнис.

актуелно Виена Заев најстабилна регион северна македонија Хан
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.