Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан пред почетокот на првата од планираните пет средби со политичките лидери се огласи на социјалните мрежи.
Тој на Твитер напиша:
„Почнаа разговорите. Итно е потребна нова влада за да спроведе реформи. Нема време за губење! Европскиот пат е отворен за Скопје по последниот Совет на ЕУ, но часовникот отчукува. Потребно е лидерство наместо тактизирање. Економијата страда“, порача Хан.
Твитот е придружуван со фотографија од средбата со лидерот на Беса, Билал Касими.







