Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ХАОС ВО ФРАНЦИЈА: Возила и полициски станици во пламен, уапсени 150 лица
Во Фокусот

ХАОС ВО ФРАНЦИЈА: Возила и полициски станици во пламен, уапсени 150 лица

јуни 29, 2023Updated:јуни 29, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Франција ја зафати бран немири и нереди откако полицаец уби 17-годишно момче кое не го запрело својот автомобил по наредба на сообраќајната полиција.

Смртта на тинејџерот Наел М. предизвика големи протести низ државата, а во предградијата на Париз синоќа беа распоредени дури 2.000 полицајци. Ноќва, таму, насилствата беа посебно изразени.

За нарушување на јавниот ред и мир и за предизвикување материјална штета досега се приведени над 150 лица.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како група млади луѓе упаднале во градското собрание во предградието на Лил и палат столици и документи.

„Тоа беше ноќ на неподносливо насилство“, напиша на Твитер министерот за внатрешни работи, Жералд Дерманен, наведувајќи дека целта на толпата насекаде низ државата биле градските собранија, школите и полициските станици.

Најжестоки инциденти се забележани во париското предградие Нантере, каде беше убиен тинејџерот, каде гневни, главно млади луѓе со сите средства ја нападнале полицијата.

Ситуацијата во Нантере, место што е на петнаесетина километри од главниот град, стана тензична околу 23 часот. Групи главно млади лица се судрија со полицијата, при што запалија автомобили и контејнери.

„Тие се повлекоа! Одиме момци, одиме, смрт за полицајците!“, се слушна како вика млад човек, пренесува новинската агенција АФП.

На фасадите на неколку згради се закачени натписите „Правда за Нахел“ и „Полицијата убива“.

Судирите на демонстрантите со полицијата траеле и до 1 час после полноќ, кога припадниците на силите на редот на фрлањето камења кон нив одговориле со солзавец.

Дваесетина општини во Сена-Сент Денис, департман на североисток од Париз, пријавиле пожари, објави полициски извор, додавајќи дека секој пат на местото на настанот биле активни мобилни групи од по стотина луѓе.

Полицијата претходно соопшти дека нешто пред 2 часот по полноќ привела 77 лица, а во Есоне, јужно од Париз, бил запален автобус од кој патниците излегле околу 21 часот, се дознава од полициски извори.

Судири избувнаа и во кварт во Тулуз. Од тоа место се креваше густ црн чад, најверојатно од запален камион.

Тензии беа забележани и во други региони низ земјата, како што е Лион, каде припадниците на полицијата беа гаѓани со пиротехнички средства.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вчера го нарече убиството на тинејџерот „непростливо“, додавајќи дека случајот веднаш ќе биде предаден на судовите како и дека се надева оти правдата „брзо ќе си ја заврши работата“.

„Ништо не ја оправдува смртта на младиот човек. Би сакал да ги изразам чувствата на целата нација за она што се случи и на неговото семејство да му ја упатам нашата солидарност и наклонетоста на нацијата“, рече Макрон.

Се огласи и Елизабет Борн, премиерката на земјата, која изјави дека интервенцијата на полицијата „очигледно не била во согласност со правилата“.

Ова го навлече гневот на полициските синдикати, кои ги обвинија претседателот и премиерката дека донеле пресуда уште пред да се утврди што точно се случило.

Синдикатот на Полицискиот сојуз потсетува дека тие се невини додека не се докаже спротивното, додека „противничката единица“ ПМГ посочува дека политичките интервенции поттикнуваат „омраза кон полицајците“.

По повод смртта на тинејџерот официјалните лица започнаа две одделни истраги – една за убиство кое го извршил полициски службеник, а другата за пропустот на убиениот возач да го запре возилото и за наводен обид за убиство.

Шефот на париската полиција, Лоран Нуњез, изјави за француската телевизија „БФМТ“ дека постапките на полицаецот отвораат прашања, иако тој можеби се плашел за сопствениот живот.

Адвокатот на семејството на жртвата, Јасин Бузру, тврди дека на видеото кое кружи на интернет јасно се гледа како полицаецот ладнокрвно го убива младото момче.

Тој додава дека семејството на убиениот поднело пријава против полицијата поради лажни изјави, односно поради првичното тврдење дека тој со својот автомобил се обидел да ги прегази полицајците.

Друг адвокат кој го застапува семејството, Џенивер Камбла, им изјави на локалните медиуми дека ништо не може да го оправда она што се случило и го опиша неговото страдање како егзекуција.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека објавената снимка е крајно шокантна. Тој ги повика луѓето „да ја почитуваат тагата на семејството и презумпцијата на невиност на полицијата“.

Жан-Лук Меланшон, лидерот на левицата, изрази сочувство до семејството на тинејџерот.

„Ниту еден полицаец нема право да убива, освен во самоодбрана“, напиша тој на Твитер. Патем, истакна дека неконтролираното дејствување на полицијата го дискредитира авторитетот на државата.

Пред две недели, полицијата уби 19-годишен возач во западниот француски град Ангулем, откако тој, наводно, удрил полицаец во ногата при запирање на сообраќајот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Гети имиџис – АФП)

актуелно немири Париз полиција протест Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.