Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, отворајќи ја денешната заедничка седница на Владите на Косово и Алабанија во Пеќ, изрази уверување дека договорите што денеска ќе бидат потпишани ќе придонесат за обединување на економиите на двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина.
Среќен сум за постигнувањата од оваа заедничка средба и убеден сум дека потпишувањето на деветте договори ќе води кон обединување на нашите економии и не само толку. Знам дека нашиот народ очекува многу од нас и ние ќе вложиме уште напори, затоа што само со работа ќе се стекнеме со почит од страна на другите, изјави Харадинај.
Според премиерот, Косово денес е партнер на Европската унија, ги спроведува приоритетите на европските реформи од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и очекува укинување на визите за Шенген-зоната.
„Како и секој друг народ, и косовскиот очекува одлуката на ЕУ за визна либерализација да биде позитивна, изјави Харадинај.







