Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Хелсиншки комитет: Во јули повторно зголемување на говорот на омраза на социјалните медиуми во контекст на одржаните избори
Во Фокусот

Хелсиншки комитет: Во јули повторно зголемување на говорот на омраза на социјалните медиуми во контекст на одржаните избори

август 7, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Месец јули го одбележа повторното зголемување на говорот на омраза на социјалните медиуми во контекст на одржување на предвремените парламентарни избори и големиот број случаи со КОВИД-19 во текот на целиот месец.

Исто така, во текот на месецот се забележа енормно зголемување на новозаболени граѓани со КОВИД-19 што предизвика негативен дискурс кој воедно доби и етнички карактер како резултат на бројот на заболени по општини.

Ова се наведува во Извештајот на Хелсиншкиот комитет за месец јули по спроведениот мониторинг на мерките на Владата, особено во контекст на почитување на темелните права во рамки на Поглавјето 23

„Правосудство и темелни права, во кој особено се дава осврт на спроведувањето на мерките и на нивното директно влијание врз граѓаните. Слично како и за изминатите месеци и согласно со утврдениот тренд, вниманието треба да се насочи кон справување со социо економската криза како резултат на пандемијата–заштита на маргинализираните заедници, соодветна имплементација на мерките, соодветен надзор и примена“, се наведува во Извештајот.

На политички план, се посочува, доминираше дискусијата околу одржувањето на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули 2020 година Овие избори се одржаа за време на светска пандемија и под мерки на заштита на граѓаните.

Политичките партии направија напредок со презентирање на нивните политички платформи преку социјалните медиуми, но сепак не изостанаа и традиционалните митинзи.

„Покрај препораките за заштита, преку нашиот мониторинг на социјалните медиуми беше забележано непочитување на мерките од страна на дел од присутните, како и непреземање на соодветни мерки од страна на надлежните институции“, оценуваат од Хелсиншки комитет.

Воедно, укажуваат и на прелиминарните наоди на ОБСЕ/ОДИХР преку
нивната набљудувачка мисија кои нотираа дека „предвремените парламентарни избори на 15 јули генерално беа спроведени ефективно и покрај приспособувањата како одговор на пандемијата со КОВИД-19, но правната стабилност беше нарушена со суштински ревизии на Изборниот законик и последователна ад хок регулатива донесена за време на вонредната состојба“.

„Кампањата, иако со негативен тон, беше вистински конкуретна и учесниците беа во можност да ги пренесат своите пораки и покрај ограничувањата на вообичаената комуникација. На медиумското известување за изборите му недостасуваше критички осврт на платформите, а одредбите во врска со платеното политичко рекламирање ги фаворизираа трите најголеми партии. Денот на изборите се одвиваше непречено и покрај техничките предизвици во објавувањето на резултатите и забелешките во врска со регистрацијата на гласачи“, стоеше во прелиминарната оценка.

Од Хелсиншки комитет во Извештајот наведуваат и дека во сенка на
изборите беше утврдувањето на Преговарачката рамка помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија која беше презентирана за време на германското претседавање со Унијата на 1 јули 2020 година.

„Преговарачката рамка е резултат на новата методологија за пристапни
преговори која беше усвоена во март, 2020 година. Во поглед на содржината, особено внимание ќе биде посветено на политичката посветеност на процесот, особено во спроведувањето на првиот кластер поглавја кои се однесуваат на демократијата и на владеењето на правото, особено усогласувањето со политиките од Поглавјето 23–Правосудство и темелни права“, се наведува во Извештајот.

Во документот се содржани и теми во врска со работничките права, дискриминацијата, за текстилните работнички, за родовата еднаквост и говорот на омраза.

актуелно говор на омраза избори социјални медиуми хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.