Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Хелсиншки комитет: Казни за кршењето на прописите за безбедност и здравје при работа за намалување на црниот биланс
Македонија

Хелсиншки комитет: Казни за кршењето на прописите за безбедност и здравје при работа за намалување на црниот биланс

февруари 13, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Последната вест за повреден работник, кој додека работел на бул. Борис Трајковски, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, е уште еден повод за актуелизирање на прашањето за нефункционалноста на системот за безбедност и здравје при работа. Проблемот не го лоцираме во недостигот на законска регулатива, туку во недоследната имплементација на законите – и во однос на превенцијата на несреќи на работно место и во однос на санкционирањето на пропустите кои довеле до вакви инциденти.

Според информациите кои Хелсиншкиот комитет постојано ги прибира од медиумите и од дневните билтени на Министерството за внатрешни работи, градежништвото е дејноста каде што се случуваат најмногу несреќи на работното место, по што следуваат повреди кај лица коишто самостојно вршат професионална дејност, односно земјоделците – трактористи. Во текот на последните три години може да се забележи загрижувачки тренд во однос на заштитата на работниците.

Во 2018-та година, според годишниот извештај на МЗЗПР, се случиле најмалку 124 несреќи при работа, од кои 33 биле фатални. Во 2019-та година, медиумите и МВР известија за најмалку 19 повреди на работно место со фатални последици, додека Хелсиншкиот комитет за човекови права беше директно известен само за еден процесуиран случај на несреќа при работа со смртни последици. Во конкретниот случај, Државниот инспекторат за труд, откако констатирал бројни неправилности, поднел кривична пријава против изведувачот како правно лице и против одговорното лице во правното лице каде што работел работникот. Во иста линија, Новата година ја започнавме со најмалку тројца повредени работници при работа и еден смртен случај.

Како во многу наврати претходно и овојпат потенцираме дека без темелен ангажман на сите чинители на системот за безбедност и здравје при работа, состојбата нема да се промени и дополнително ќе се влошува. Во таа насока, ги споделуваме нашите препораки и апелираме за нивна доследна примена за да се спречат и намалат црните статистики:

1. Државниот инспекторат за труд да спроведува темелна истрага во сите случаи на повреда при работа;

2. ДИТ да ја лоцира одговорноста за несреќите и соодветно да ги санкционира сите кои со непостапување или прекршување на законите и процедурите дозволиле да се зголемува низата вакви трагедии и

3. Работодавачите доследно да ги почитуваат законите и правилниците со кои се обезбедуваат безбедни работни услови, како единствен начин да се превенираат вакви и слични инциденти.

 

Хелсиншки комитет за човекови права

актуелно хелсиншки комитет човекови права
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.