Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Хрватски научник од СЗО: Нема место за паника
Во Фокусот

Хрватски научник од СЗО: Нема место за паника

февруари 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Потребна е претпазливост, но никако и паника во однос на новиот коронавирус, вели хрватскиот научник Игор Рудан, шеф на истражувачки центар на Светската здравствена организација на Универзитетот во Единбург.

„Иако за сериозен научник е неблагодарно да прогнозира што и да е во врска со ширењето на сосема новиот и непознат вирус во популацијата во светот, ниту да се предвидат настаните што ќе следуваат, во текот на изминатите два месеца за Ковид-19 собравме доволно докази за барем некои предвидувања“, напиша Рудан на Фејсбук, појаснувајќи дека појаснувањето за него претставува општествена задача со оглед на тоа дека долго и интензивно се занимава со ова подрачје.

„Ако новиот коронавирус со тек на време целосно се прошири во Хрватска и да успее да ги заобиколи бројните мерки за превенција кои во моментов се во сила, бројот на жртви, отприлика, би бил споредлив со бројот на жртви од грип или сообраќајни патни незгоди во истиот период. Тоа значи дека одредена, здрава, будност и внимателност е препорачлива. Претпазливоста е разумна се додека е на исто ниво како кога можеби седнувате во автомобил и се подготвувате за подолг пат или кога ќе чуете дека пристигнал грипот во земјата“, вели Рудан.

„Ако поради новиот коронавирус чувствувате страв поголем од тој кога влегувате во автомобил за да возите или кога ќе чуете дека стигнува грипот, а кој ви е веќе добро познат, значи дека тој страв веќе не е разумен и оти сте подлегнале на атмосферата на паника. Таа паника во вас ја предизвикуваат постојаните медиумски написи и начинот на истакнувањето, а не општоприфатени и научно втемелени сознанија за коронавирусот. Ако сте почнале да се однесувате поинаку од вообичаеното во текот на зимските месеци, на пример за време на епидемијата на грип, ако правите залихи на храна или носите заштитни маски на улица, тоа не е однесување кое е соодветно на вистинските размери на опасност“, потенцира тој.

Рудан, исто така, одговори на прашањето кое му го поставиле многумина во периодов – зошто за коронавирусот толку се пишува и предизвикува загриженост, а за грипот не, иако грипот можеби е и поопасна болест.

„Делумно, причина е тоа што грипот веќе со десетлетија ни е добро позната болест, која се враќа секоја година и имаме искуство со нејзините манифестации, знаеме како однапред да развиеме вакцина против грипот, а почнаа и донекаде делотворни лекови да се појавуваат на пазарот“, појаснува хрватскиот научник.

„За разлика од грипот, новиот коронавирус ни е непознат и внимателни сме најмногу за да не не изненади. Ако тој вирус во моментов има некаков интерес, тоа е да се прилагоди на човековиот вид како на свој нов резервоар во кој ќе продолжи да се размножува, а не да нè убива. Вирусот сега, со ширењето во човековиот вид, ќе продолжи да мутира за што побрзо и што подобро да се прилагоди. Многу од тие мутации ќе го направат помалку опасен за нашето здравје, бидејќи на тој начин подобро ќе ни се прилагоди. Меѓутоа, некои случајни мутации би можеле да го направат и поопасен и поради тоа мора да бидеме претпазливи додека не го запознаеме подобро и додека не заврши пандемијата. Не е веројатно дека новиот коронавирус ќе мутира на таков начин со кој би станал поопасен, но тоа ќе можеме дефинитивно да го тврдиме дури откако ќе заврши пандемијата“, потенцира Рудан.

актуелно научник сзо
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.