Во октомври цената на златото се покачи за повеќе од седум отсто. Ваков скок на вредноста на овој благороден метал во овој месец нема уште од 1978 година.
Сепак, досега цените не успеале да се задржат над 2.000 долари за унца од 31,1 грам.
Оваа година централните банки (главно кинеската, полската и турската) се многу активни за купување злато.
Според извештај на Светскиот совет за злато, купиле вкупно 800 тони злато (14 отсто повеќе од лани), од кои 337 тони во третиот квартал.







