Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Цените на нафтата благо пораснаа
Берза

Цените на нафтата благо пораснаа

јуни 6, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На светските пазари цените на нафтата пораснаа минатата недела бидејќи трговците проценуваат дека зголемувањето на производството на ОПЕК нема да биде доволно со оглед на тоа што побарувачката треба да се зголеми, бидејќи Кина постепено ги укинува рестриктивните мерки за ковид.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 0,25 отсто, на 119,72 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 3,3 отсто на 118,87 долари.

Членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници минатата недела најавија дека во јули и август ќе го зголемат производството за 648.000 барели дневно, 200.000 повеќе од претходно планираното, за да го надоместат намаленото снабдување од Русија поради санкциите.

Имено, лидерите на Европската унија конечно постигнаа договор за забрана за увоз на руска нафта со бродови, која сочинува 90 отсто од вкупниот увоз. Тоа е најтешката санкција што Унијата и ја воведе на Москва од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари.

Увозот на сурова нафта постепено ќе се намалува во текот на шест месеци, а увозот на деривати во текот на осум месеци. Забраната нема да вклучува нафта испорачана преку гасоводите.

„Бидејќи две третини од извозот на сурова нафта на Русија се испорачува преку море, ЕУ ќе мора да најде замена за околу 1,5 милиони барели нафта дневно. Количината што ‘недостасува“ всушност е меѓу 2,1 и 2,2 милиони барели дневно, затоа што Полска и Германија планираат до крајот на годината за го запрат купувањето нафта и од нафтоводите“, објаснува аналитичарот на „ПМВ“, Тамаш Варга.

И други аналитичари сметаат дека зголемувањето на производството на ОПЕК нема да го реши проблемот со слабата понуда. Дополнителен проблем е што во новата квота ја вклучува и Русија, и покрај намаленото производство и воздржаноста на купувачите, што упатува на заклучокот дека групацијата нема да успее на пазарот да ја испорача планираната количина.

„ОПЕК+ најверојатно на пазарот ќе испорача значително помалку нафта од договореното, што значи дека нема да ја обезбеди посакуваната помош“, предвидува аналитичарот на Комерцбанк, Карстен Фрич.

Дотолку повеќе што се очекува јакнење на побарувачката откако Шангај и Пекинг минатата недела ги укинаа строгите мерки насочени кон борба против Ковид-19. Покрај тоа, кинеската влада најави поддршка за економијата со цел што поскоро да се опорави од последиците од строгите епидемиолошки ограничувања.

И покрај високата инфлација, побарувачката за нафта останува силна и во САД. На ова укажува податокот дека залихите на сурова нафта во САД минатата недела паднаа за 5,1 милиони барели, значително повеќе од очекуваното, а намалени се и резервите на бензин.

Откако минатата година пораснаа за повеќе од 50 отсто, благодарение на закрепнувањето на светската економија од кризата со корона, од почетокот на оваа година цените на нафтата, најмногу поради војната во Украина, скокнаа за околу 55 отсто.

актуелно барел германија Европа нафта ОПЕК русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.