Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Цивил: Обвинителството веднаш да отвори постапка за ужасот на 12 годишното девојче
Во Фокусот

Цивил: Обвинителството веднаш да отвори постапка за ужасот на 12 годишното девојче

февруари 17, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ЦИВИЛ – Центар за слобода, со згрозување и краен револт, најостро го осудуваме системот кој уништува детски животи! И бараме од Основното јавно обвинителство да поведе постапки веднаш, денеска, се вели во реакцијата која ја пренесуваме интегрално.

„Бараме видливи резултати во рок од часови, а не денови, а најмалку години! Веруваме дека во овој момент говориме во името на сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, родители, деца…

Ужасот низ кој минуваат децата низ нечовечниот систем на институциите кои се задолжени за нивно згрижување, одгледување, образование и добробит ја прелеа чашата со последното ужасно сознание за силувањето и подведувањето на 12-годишно дете!

Болните умови на поединци вработени во тие институции упропастиле цели животи и тоа се случува со години, ако не и со децении наназад. Манијаци и злосторници битисуваат прикриени во мрачните канцеларии на системот!

Тие веќе денеска треба да бидат уапсени и изведени пред суд. За оние за кои ќе се утврди дека се умоболни сексуални манијаци и насилници, веднаш треба да бидат сместени во соодветни (затворени) институции. Оние за кои ќе се утврди дека свесно се изживувале или не ги извршувале своите работни задачи, да бидат најостро санкционирани, со највисоките казни предвидени за криминална злоупотреба на службената положба.

Тие што силувале дете и го подведувале, мора веднаш да се соочат со полната сила на правдата! Нема ништо појасно од ова. Тие што молчеле и прикривале, тие што биле вплетени во организираната криминална мрежа на трговија со детските тела, достоинство и животи, мора да бидат санкционирани подеднакво остро и бескомпромисно, соодветно на законите! Не е возможно да се случува овој хорор, без организирана и активна криминална структура и без криминалниот молк на сите вработени во институциите.

Сите сте одговорни и мизерни, достојни само за презир!

Почнете денеска да го лечите системот или престанете да наплаќате даноци и казни!

Ние, ЦИВИЛ – Центар за слобода и сите што барем малку држат до човечноста и достоинството бараме правда, сега и овде! Ништо освен правда!

„Проекти“, „спогодби“, „стандарди“, „програми“, „истражувања“, „статистики“… Тоа се само изговори и фолирање, а со еден збор – прикривање на злосторнички систем. Невладини организации, престанете со фолирање и потрага по пари врз грбот на децата и нивното страдање! Новинарки и новинари, престанете со дезинформации и искривување на фактите, затоа што сте мрзеливи или затоа што имате кому да му се додворувате! Сите заедно, престанете со прикриениот говор на омраза и дискриминација кои зрачат од вашите изрази како „популација“, „менталитет“, „слоеви“ и слични божемно коректни изрази и флоскули!

Со сета почит кон сите проекти кои МТСП има намера да ги спроведе во наредните години, овој случај, како и сите останати за кои дознавме изминативе денови мора итно да бидат расветлени. Жртвите да бидат сместени на безбедно и да имаат 24 часовна поддршка, грижа и третман.

Одбраната на МТСП не смее да застане на тоа дека девојчето не е силувано од вработените во институциите. Детето е силувано и проституирано под закрила на системот. Одземено од родителите заради питачење, за да биде сексуално експлоатирано?

Политичките партии и нивните организации (како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ) веднаш да престанат да бараат одговорност на погрешни места, затоа што ова дете било „третирано“ во нивно време. Соопштенијата нека си ги упатат себе си и на одговорните кои го воделе системот како дел од нивните партиски кадри! Срамни се нивните обиди да спечалат политички поени врз грбот на ова дете!

Невладиниот претставник на дебатната емисија на ТВ Телма, откако маестрално ги карактеризираше „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“ како регрутни центри за малолетничка проституција, се пофали дека го знаел ова одамна. И?!

Зошто кога веќе се увидело дека одземањето на родителското право заради питачење не го решава проблемот (изјава на Министерката Мила Царовска) и оваа пракса е напуштена по 2011 година, не му дозволиле на семејството да си ја земат повторно назад? Зошто, по ниту еден од грозоморните настани кои го придружувале животот на ова сега 12-годишно девојче, на семејството не му било дозволено му се приближи и да биде со него?

Ова се прашањата за кои јавноста мора да добие одговор. Денеска!

Ова не е време, ни простор за суети, туку за решителна акција. Новата влада на Зоран Заев мора да престане со заштита на криминалците и криминогените елементи кои ги претворија институциите во крволочни и криминални монструми, кои се кријат зад законите и практиките на паднатиот режим.

Сѐ си пишува во законот наш, ваш, кривичен: Запуштање и малтретирање на малолетно лице (Член 201): „Родител, посвоител, старател или друго лице кое со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување ќе го запушти малолетното лице или ќе го малтретира, ќе се казни со затвор најмалку пет години. Со казната од став 1 ќе се казни родител, посвоител, старател или друго лице кое присилува малолетно лице на работа што не одговара на неговата возраст и физичка сила или од користољубие го наведува на питање или на вршење други дејствија што се штетни за неговиот развиток. Ако поради делата од ставовите 1 и 2 настапила тешка телесна повреда или тешко нарушување на здравјето на малолетното лице или малолетното лице се оддало на питање, проституција или други облици на асоцијално однесување, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години.“

Што се чека?! Ете го законот! Дали треба да помислиме дека се штитат некакви си партиски војничиња и криминалци за кои има некаков политички пазар?

Наместо да се гасат пожарите кои го зафаќаат имиџот на институциите и владините ресори, треба да се преземе обврската да се заштитат граѓанките и граѓаните, особено децата. Тоа би било искрено и чесно.

Нема зошто целиот систем да се тормози, цели министерки и министри да се ставаат на располагање на телевизиите, да штелуваат (или не) дебатни емисии со бескрајни елаборации на наредни „чекори“, „фази“ и „проекти“, додека секоја минута животот на децата (како ова 12-годишното девојче) чии животи се брутално и систематски уништувани од социопати прикриени под чадорот на институциите.

актуелно дете манијаци насилници слобода структура Уапсени ЦИВИЛ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.