„Во текот на првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список во пресрет на Референдумот, до ЦИВИЛ дојдоа десетина пријави за проблеми. Старите проблеми, наспротив уверувањата од политичарите и ДИК, сѐ уште се евидентни. Ова е повик до граѓанките и граѓаните да реагираат и да пријават во ЦИВИЛ“ – велат од невладината организација.
Од Цивил со став дека „Фантомите во Избирачкиот список се вратиле и удобно се сместиле на адресите на граѓанките и граѓаните што се јавија во нашата организација. Добивме и една пријава за починато лице што сѐ уште фигурира во Избирачкиот список“.
„ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да ја искористат можноста за увид во Избирачкиот список и да ги пријават неправилностите во ДИК, но и на ЦИВИЛ, со цел да се спроведе јавна контрола на процесот. Тоа може да се направи со порака на електронската адреса на ЦИВИЛ: civil@civil.org.mk, со назнака: Избирачки список. Во пораката наведете име и презиме на реално постоечките лица, адресата, а потоа имињата и презимињата на лицата што не живеат на таа адреса.
На располагање е и тел. број: 02 / 520 91 76 од 9 до 17 часот, секој работен ден“ – велат од Цивил.







