Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЦРВЕН АЛАРМ: Една од најзаразните болести експлодира во Европа, смртноста скокна за 40 отсто!“
Здравје

ЦРВЕН АЛАРМ: Една од најзаразните болести експлодира во Европа, смртноста скокна за 40 отсто!“

февруари 1, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Светската здравствена организација предупредува на ширење на сипаници во делови од САД и Европа поради се почестото невакцинирање на децата. Епидемија на мали сипаници прогласена е во Романија и делови од Босна и Херцеговина, а во Велика Британија е издаден црвен аларм.

Како што стапките на вакцинација се намалуваат, смртноста од сипаници ширум светот скокна за 40 отсто минатата година, јавуваат агенциите.

Епидемиолозите ја нагласуваат важноста од примање две дози од вакцината против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) за доживотна заштита, велејќи дека никогаш не е доцна тоа да се направи.

Во Романија е прогласена епидемија со повеќе од 2.000 пациенти, а на 25 јануари е прогласена епидемија на морбили во кантонот Тузла, откако во БиХ се разболеле 50 деца. Од нив две третини се хоспитализирани.

Само во 2021 година, 128.000 луѓе во светот починаа од болест која лесно може да се спречи со вакцинирање на децата. И со умерена клиничка слика, предупредуваат педијатрите, сипаниците може да предизвикаат тешки здравствени компликации: пневмонија, менингитис, слепило и смрт.

Минатата година во Србија се регистрирани 47 случаи на морбили. Меѓу 2016 и 2017 година имало 5.000 заболени, петнаесет од нив починале, покажуваат податоците од здравствените институции. За заштита, неопходно е 95 проценти од децата да бидат опфатени со вакцината, а се што е под тоа може да доведе до појава на епидемија. Во моментов во некои делови на Србија стапката на вакцинација е само 60 проценти или уште помалку, пишува „Блиц“.

На ниво на Европа е забележан скок од 45 отсто на бројот на заболени откако бројот на вакцинирани со првата доза од вакцината падна од 96 на 93 отсто.

„Епидемија е извесна доколку родителите продолжат да избегнуваат да ги вакцинираат своите деца“, вели д-р Георгиос Константинидис за РТС.

Поради зголемениот скептицизам кон вакцините, се враќаат речиси искоренетите болести: во Хрватска е прогласена епидемија на голема кашлица, во делови од Босна и Херцеговина епидемија на морбили, а се повеќе болни има и во Србија, пренесува „Ал Џезира“.

„Прашање е кога и во која мера ќе се појават и други болести кои би можеле да се спречат со вакцинација“, предупредува епидемиологот Предраг Ѓуриќ.

Според податоците на Хрватскиот институт за јавно здравје, минатата година во Хрватска се регистрирани повеќе од 5.300 случаи на голема кашлица, најмногу на крајот на ноември и во првата половина на декември, главно во Загреб и Сплитско-далматинската жупанија.

Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, информира дека голема кашлица е потврдена кај најмалку 1.000 лица, а најголем дел од заболените се во Бачка и во Белград, каде што е прогласена епидемијата.Во последните години е забележлив пад на вакцинирањето на децата, особено на децата пред поаѓање во основно училиште.

Според податоците на Светската здравствена организација и УНИЦЕФ, во Босна и Херцеговина во 2007 година е постигнат опфат со вакцинација од 95 проценти, и од тогаш се намалува (72 проценти во 2020 година, 75 проценти во 2022 година). И Црна Гора бележи континуиран пад на вакцинираност, после 2011 година, кога беше постигната покриеност од 95 проценти, јавува „Ал Џезира“.

Епидемиолозите особено ги загрижува ниската стапка на довакцинирање пред тргнување во училиште. Според проценките на СЗО и УНИЦЕФ, во 2022 година таа била 52 отсто во Босна и Херцеговина, 68 отсто во Црна Гора и нешто повеќе од 80 отсто во Словенија и Хрватска.

Србија има релативно висока покриеност (91 отсто), но таа во некои региони е помала од 80 отсто, а има и општини со опфат под 50 отсто.

Иако малите сипаници беа искоренети во САД во 2000 година, се очекува дека болеста ќе продолжи да се шири првенствено поради скептицизмот за вакцините, објави американскиот Центар за контрола и превенција од болести.

Сипаници, една од најзаразните болести, се откриени во последните недели во некои североисточни американски држави, пишува „Гардијан“.

Центарот минатата недела ги извести здравствените работници дека имаат 23 потврдени случаи на мали сипаници во САД помеѓу 1 декември 2023 година и 23 јануари 2024 година. Повеќето од нив се деца и тинејџери кои не примиле вакцина против сипаници иако ги исполнувале условите.

Досега случаи на мали сипаници се пријавени во Пенсилванија, Њу Џерси, Делавер и наз подрачјето на Вашингтон.

Иако сипаниците се многу заразни, вакцините се ефикасни во спречувањето на болеста.

Слабата покриеност со вакцинација предизвика пораст на случаите во Европа, според Светската здравствена организација. Вакцината е создадена во 1963 година.

Симптомите на мали сипаници вклучуваат замор, течење на носот, кашлица, треска, црвени или насолзени очи и на крајот осип по целото тело.

Во најтешките случаи, сипаниците може да доведат до смрт.

Оние кои примиле барем една доза од вакцината против сипаници/заушки/рубеола (ММР вакцина) се 93 отсто заштитени од сипаници.

Но, се препорачуваат две дози за максимална заштита. Малите сипаници се особено опасни за доенчињата и малите деца.

Поради растот на бројот на заразени, во Велика Британија е прогласена инцидентна состојба.

Европа се соочува со „алармантно зголемување“, предупреди во вторникот Светската здравствена организација, со 30 пати повеќе случаи на сипаници во 2023 година.

Помеѓу јануари и октомври минатата година, 40 од 53 европски земји пријавиле повеќе од 30.000 случаи на мали сипаници.

Во 2022 година биле регистрирани само 941 случај. Според податоците на СЗО, лани биле хоспитализирани 21.000 лица, а пет смртни случаи се поврзуваат со оваа болест.

Од СЗО велат дека се очекува овој нагорен тренд да продолжи доколку не се преземат итни мерки за да се спречи натамошното ширење.

Вирусот на сипаници практично исчезна во Европа благодарение на спроведената изолација заради Ковид-19, но „вкупниот број на случаи на мали сипаници во ЕУ постојано се зголемува од јуни 2023 година“, објави Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Заедно со Велика Британија, црвен аларм прогласи и Романија.

Минатиот декември романското Министерство за здравство прогласи национална епидемија на морбили по загрижувачкиот пораст на случаите и големиот број хоспитализации на заразени деца. Оттогаш, три бебиња и едно возрасно лице починале од сипаници. Минатата година имале 2.805 заразени.

Австрија се бори со сипаници од почетокот на 2023 година, а преку системот за епидемиолошко известување се регистрирани речиси 200 случаи.

Во Франција, во септември, ширењето на мали сипаници започна во училиште во југоисточната област Гилхеранд-Гранж. До средината на ноември потврдени се 64 случаи.

Германија минатата година забележа 57 случаи, што е повеќе од 2022 година, но пониско од нивото забележано пред пандемијата.

Од Европскиот центар за превенција и контрола на болести велат дека се очекуваат повеќе случаи на сипаници во повеќето европски земји затоа што покриеноста со вакцинација е „субоптимален“. Најновите податоци на Центарот покажуваат дека втора доза во 2022 година примиле околу 89,7 отсто од оние што требало да ја примат.

Унгарија (99 отсто) и Словачка и Португалија (96 отсто) се земјите од ЕУ со највисоко ниво на вакцинација против сипаници, додека Романија (71 отсто) и Естонија (68 отсто) имаат најниско ниво.

Според Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство, имало 216 потврдени случаи на сипаници и 103 веројатни случаи во Вест Мидлендс од октомври 2023 година, повеќето од нив кај деца под 10-годишна возраст.

актуелно Босна британија вакцина Европа романија сипаници србија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.