Црна Гора ќе го даде својот глас за Косово да може да стане членка на Интерпол. Тоа го соопшти црногорскиот шеф на дипломатијата Срѓан Дармановиќ.
„Нема причина да ја менуваме таа одлука. Ние сме за пријателство со двете страни, не сакаме политички тензии во регионот, затоа што кога би биле, ние како мала држава секогаш сме изложени на нив“, им рече на новинарите Дармановиќ.