Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков преку неговиот адвокат веќе поднеле жалба до Кривичниот совет на скопска единица со која бара укинување на притворот. Информацијата за тв 24 ја потври одбраната.
Чавков веќе е во истражниот затвор Шутка каде е спроведен во притвор заедно со уште 12 осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. По жалбата на Чавков, Кривичниот совет има рок од 48 часада донесе одлука дали ќе го прифати, одбие барањето или можеби ќе донесе друга мерка.
Чавков во извештајот на работната група на МВР беше посочен како директно одговорен. Освен Чавков и Лазаров – 30 дневен притвор во Шутка добија и дел од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ кои од имровизираната бина повикаа на упадот.







