Турскиот фудбалски репрезентативец Хакан Чалханоглу стигна во Милан од Баер Леверкузен во трансфер вреден 24 милиони евра.
Чалханоглу веднаш откако ќе ги помине лекарските прегледи во клубот ќе потпише четиригодишен договор.
Одличниот играч за врска е шестото засилување на „росонерите“ во летниот преоден рок којшто е на почеток, после Матео Мускаки, Франк Кеси, Андреа Силва, Рикардо Родригез и Фабио Борини, а наскоро се очекува и доаѓањето на десниот бек на Аталанта, Андре Конти.
Чалханоглу, роден во Германија, минатите три сезони беше еден од најдобрите фудбалери на Баер, а играше и за Хамбург и Карлсруе.
За репрезентацијата на Турција постигна осум погодоци на 26 натпревари.







