Дисциплинската комисија на Европската ракометна федерација (ЕХФ) го казни селекторот на Хрватска, Лино Червар, со 3.000 евра поради физички контакт со белоруски играч во финишот од натпреварот.
До инцидентот дојде во последната минута од средбата меѓу Хрватска и Белорусија, кога Червар влезе на теренот и во текот на нападот го влечеше белорускиот ракометар Артур Карватски.
Червар веднаш ќе мора да плати 2.000 евра, а уште илјада ќе треба до крајот на првенството.
Хрватска на крајот ја победи Белорусија со 25:23 во првото коло од Групата еден во втората фаза од Европското првенство.







