Ако имате само 14 години и станете милијардер, тоа е посебен настан. Уште е позачудувачки тоа што косопственикот на најголемиот ланец на дрогерии во Европа, „ДМ“, Гинтер Лехман, пред неколку месеци ги пренесе своите акции на својот син.
Според извештаите на германскиот Виртшафтсвоч, 76-годишникот го пренел поголемиот дел од своите 2,8 милијарди долари на својот наследник, што е видливо од трговскиот регистер.
„Оваа ’промена’ нема да влијае на деловната насока на „ДМ“, изјави шефот на копманијата Ерих Харш.
За сите правни прашања на младиот милијардер ќе биде одговорен ревизор.
Лехман Сениор и понатаму е во Надзорниот одбор. Ќе биде потребно некое време синот да се здобие со право на глас во компанијата.
Лехман му се придружи на „ДМ“ како партнер во 1974 година кога основачот Гец Вернер ја отвори својата втора продавница. Меѓутоа, му недостасувале пари за понатамошно ширење, па Лехман тогаш влегол како акционер во ланецот супермаркети во Баден и Пфанкуч. Возврат добил 50 отсто од акциите во компанијата.
Денес „ДМ“ е најголем ланец на дрогерии во Европа со 3.300 продавници и повеќе од 56.000 вработени.







