Казахстанскиот новинар Азамат Матијанов вели дека чеченскиот лидер Рамзан Кадриов, наводно, има сериозни здравствени проблеми, пишува Кликс.ба.
Пред неколку дена се појавија информации дека Кадиров е во многу лоша физичка состојба, најверојатно поради проблеми со бубрезите. Оваа информација сега ја пренесе и Матијанов.
Исто така, некои извештаи велат дека познатиот нефролог од Обединетите Арапски Емирати, Јасин Ибрахим Ел Шахат, веќе пристигнал во Грозни.
Претставникот на кабинетот на министри на Ичкерија во егзил, Ахмед Закаев, тврди дека Кадиров долго време е болен и дека во меѓувреме станал зависен од некои лекови.
Вели дека до неодамна бил многу активен, но тоа било благодарение на специјалните енергетски апчиња што ги пие.
Други извори, пак, пишуваат дека Кадиров е наводно отруен, а бидејќи не им верува на лекарите во Москва, решил да повика нефролог од Арапските Емирати.
Можно е дека Кадиров токму поради болест го пропушти годишното обраќање на Путин во Сојузното собрание на 21 февруари 2023 година.
Според некои наводи, во тоа време тој веќе се наоѓал во Арапските Емирати на лекување.
(Фото: Ројтерс / Џингис Кондаров)







