Добрата вест за љубителите на чоколадото стигнува од научници од Данска и Велика Британија кои утврдиле дека тоа може да го намали ризикот од аритмија.
Тие на примерок од 55.000 дански испитаници на возраст меѓу 50 и 64 години откриле дека умерено консумирање може да влијае на поретка појава на фибрилација на срцевите преткомори, пренесува Индипендент.
Во текот на четиригодишните студии анализирани биле исхраната и животните навики, додека интензивно е следено здравјето на доброволци. Тие имале задача да се придржуваат на пропишани дневни оброци и да забележуваат што јаделе.
Научниците откриле дека ризикот од аритмија е намален кај оние кои јадат 30 до 60 грама чоколадо месечно, но и кај оние кои конзумираат од 60 до 180 грама неделно.
Во прашалникот немало разлика меѓу млечно и црно чоколадо, иако процентот на какао во Данска е ретко под 30.
Меѓутоа, во заклучокот стои предупредување дека и понатаму не е исклучена можноста дека други фактори влијаат на овие резултати, како и тоа дека е неопходно да се направат и понатамошни истражувања на оваа тема.