Шарено, пошарено, најшарено: Како да ја преточите ваквата бујна колоритност во зборови? Не е важно – само погледнете го и оставете да ви ги преплави сетилата!
Претставниците на медиумите веќе имаа можност да соберат впечатоци за изложбата „Од срцето до рацете – Долче и Габана“ во миланската Палацо Реале. Изложбата е отворена вчера (7 април, 2024) и до 31 јули треба да овозможи преглед на колоритната работа и уметничката визија на двајцата италијански дизајнери.
Но, се чини дека треба да се внимава: дали претставеното шаренило можеби ги преоптоварува сетилата?
Извор: МИА







