Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шахпаска: Продолжуваат политиките за обезбедување поддршка на слепите лица
Во Фокусот

Шахпаска: Продолжуваат политиките за обезбедување поддршка на слепите лица

февруари 23, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници од Националниот сојуз на слепи лица со кои разговараа за моменталната
состојба во смисла на правата кои ги користат и можностите за нивно унапредување.

„Како ресорно Министерство на кои на врвот на агендата е грижата за најранливите категории на лица, со посебен акцент на лицата со попреченост продолжуваме посветено да работиме на унапредување на правата и услугите и обезбедување на подобри услови за живот на оние на кои тоа им е неопходно. Оттука и нашите заложби за измените во Законот за социјалната заштита во делот на личната асистенција, односно спуштање на возрасната граница од 18 на 6 годишна возраст, за деца со
потешка или најтешка телесна попреченост како и потполно слепи лица. Ова законско решение е во собраниска процедура и очекуваме наскоро да го види светлото на денот“, истакнала министерката Шахпаска на средбата.

Претставниците на Националниот сојуз на слепи лица, како што соопшти МТСП, го поздравиле ова законско решение оценувајќи го како мошне значајно и за нив како поединци и за нивните семејства. Од нивна страна било истакнато дека помошта и поддршката кон слепите лица треба да продолжи и да се унапреди во смисла на обезбедување на поголем опфат на помагала кои за нив имаат големо значење во однос на подобро секојдневно функционирање.

„Со цел поттикнување, социјално вклучување и еднакви можности, лицата со попреченост односно лицата со тешка или длабока попреченост, лицата со најтешка попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице, се корисници на надоместокот заради попреченост. Исто така, слепите лица користат и права за помош и нега од друго лице. Секоја година врз основа на доставена Програма од страна на Министерството за труд и социјална политика, изготвена врз основа на поднесени програми и проекти од страна на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија (НССРСМ), добива средства од Владата на Република Северна Македонија“, информираат од МТСП.

Министерката за труд и социјална политика Шахпаска на средбата изразила уверување дека помошта и поддршката на лицата со попреченост ќе продолжи и понатаму, во насока на обезбедување на подобри услови за живот и нивна вклученост во општествениот живот.

актуелно поддршка слепи лица Шахпаска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.