Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска: Вложуваме во добрососедските односи, очекуваме тоа да го направи и Бугарија
Политика

Шекеринска: Вложуваме во добрососедските односи, очекуваме тоа да го направи и Бугарија

октомври 13, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Договорот што го потпишавме со Бугарија, не беше само договор за решавање на проблемите, туку и градење на доверба и на добрососедски односи. Ние вложуваме во тие добрососедски односи и очекуваме тоа да го направи и Бугарија. Дефинитивно одлуките што ќе се носат до крајот на годината ќе влијаат позитивно или негативно на тие односи и тоа нема да бидат само нашите билатерални односи, туку ќе влијаат на регионот. Очекуваме токму државите што ги отвораа вратите, сега да ја покажат истата волја, интерес и желба да помогнат регионот да тргне напред.

Ова е пораката што денеска ја упати министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање дали се остварени некакви контакти со Бугарија и дали е оптимист за одржување на првата Меѓувладина конференција.

„Со колегата Каракачанов има теми околу кои не се согласуваме и најверојатно нема да се согласиме, но има една тема околу која и двајцата сме платени и избрани да ги сработиме, а тоа е регионот во кој живеме да биде стабилен и безбеден. И нашиот влог кон таа стабилност и безбедност мора да биде добрососедството, мора да биде
решавање на проблемите и обично резултатите од таа работа се подобри ако разговараме со аргументи за да се најде решение, не со емоции и со обид да се наметне решение. Ние ќе продолжиме така да функционираме како Влада, ќе продолжиме така да се претставуваме како држава и на тој начин ќе ги решаваме прашањата“, изјави Шекеринска.

Таа смета дека ќе се погреши ако се зборува за оптимизам, наспроти псимизам, што ќе се случува во регионот, што ќе се случува со ЈИЕ зависи од луѓето и од политичарите.

Повтори дека Бугарија беше државата што ја врати на дневен ред темата Запден Балкан и проширување кон ЕУ и тоа беше успешно. Во меѓувреме, подвлече, ние и Албанија успеавме да ги исполниме условите и да добиеме зелено светло од сите земји-членки дека ги почнуваме преговорите.

Очекуваме, потенцира Шекеринска, истиот тип на посветеност кон заедничките интереси и кон регионот, да ги видиме сега и од Бугарија.

„На таков начин мислам дека интересите и на едната и на другата држава ќе бидат издржани. Во изминатиот период постигнавме неколку договори за заеднички одбранбени активности, го зголемивме интензитетот на вежби, а Бугарија е заинтересирана да учествува во т.н. аир полисинг и над нашата територија. Таа одбранбена соработка може да функционира и да дава резултаттие само ако ние што носиме одлуки ја храниме со добрососоедство“, порача министерката за одбрана.

Во политиката, вели таа, сите имаат право на сопствени политики и тие политики може да бидат една наспроти друга.

„Ако сме се решиле да градиме добрососедство, треба да се трудиме да ги решаваме проблемите, а не да ги зголемуваме. Мислам дека во доменот на нашите одлуките, прашањето на изненадување не треба да биде фактор. Ние треба едноставно, тоа што ни е на масата, треба да го решиме. Истото се однесува за нас, истото се однесува и за Република Бугарија“, рече Шекеринска.

актуелно добрососедски односи шекеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.