Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска: Јубилејна награда за сите припадници на МО и АРМ со 15 и повеќе години стаж
Македонија

Шекеринска: Јубилејна награда за сите припадници на МО и АРМ со 15 и повеќе години стаж

декември 20, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за одбрана и репрезентативниот синдикат на одбраната, денеска потпишаа измена на колективниот договор во членот 97, со која се овозможува јубилејна награда предвидена со колективниот договор, да им се исплати на сите вработени во Министерството за одбрана и АРМ кои имаат 15 и повеќе години стаж.

Ова денеска го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со претседателот на Синдикатот на одбраната и безбедноста Ристо Ајтов.

„Колективниот договор, потпишан уште во 2013 година предвидуваше на вработените во МО и АРМ за непрекината работа во траење од 15 години да им се доделува јубилејна награда од висина од една просечна плата. Цели четири години оваа одредба не се спроведувала и ниту една јубилејна награда на ниту еден припадник на АРМ и вработен во МО не го добил ова право, рече Шекеринска.

Според неа, тоа било причина сите овие изминати години 700 вработени што ги исполнуваат условите за добивање јубилејна награда, да го тужат МО. Додаде дека од вкупно 700 тужби, 250 веќе биле завршени и судовите пресудиле во корист на тужителите, и по тие пресуди МО веќе долго време исплаќало не само јубилејни награди, туку и судски трошоци.

„Судските трошоци што како Министерство сме ги исплаќале на оние што не тужеле изнесувале околу 30.000 денари по човек. Само по основ на овие тужби, МО исплатило повеќе од 13 милиони денари, а при тоа повеќе од 7,5 милиони денари се дадени само за судски трошоци, рече Шекеринска.

Посочи дека донеле одлука да ги исполнат сите годинашни обврски за исплаќање на јубилејната награда за сите оние кои имаат непрекинат стаж од 15 години.

„Но, тука се случи вториот проблем, а тоа е дека заради четиригодишното непочитување на колективниот договор, испадна дека јубилејната награда ќе ја добијат оние кои имаат 15 години, но нема да ја добијат оние кои имаа 19 или 20 и кои досега требале да добијат јубилејна награда, рече Шекеринска и додаде дека поради тоа пристапиле кон овие измени на колективниот договор.

Исплатата на овој надомест, секоја година ќе се врши на крајот на годината, ќе постои можност доколку нема пари да се пренесе и следната година, и практично никој да не остане без своето право согласно колективниот договор.

Ајтов истакна дека синдикатот брзо реагирал на овој проблем и во рок од само десетина дена пристапиле кон потпишување на измена на колективниот договор во член 97 за јубилејната награда.

актуелно арм министерство МО наградан Синдикат тужби шеќеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.