После извесно време минато во илегала, актерката Шерон Стоун повторно е во центарот на вниманието и со секој пост на Инстаграм таа инспирира со својот изглед. Кој би рекол дека оваа заносна убавица наскоро полни 60 години.
Ова лето убедливо е најжешко досега, а за тоа во голема мера допринесе и Шерон Стоун која не престанува да става жешки фотографии на својот Инстаграм. Со последната посебно ги израдува своите обожаватели.
Шерон на својот профил објави фотографија на која позира во силно провокативно издание. Под зелениот фустан со длабоко деколте облекла мрежести чорапи и тоа на голо тело. Оваа педесет и деветгодишна актерка и понатаму има заносна младешка фигура и не се плаши да се пофали со неа.
Пред неколку дена објави секси видео од снимањето за италијанскиот магазин „GQ“ во кое заводливо танцува додека на себе има само црна кошула.
Шерон веројатно реши на сите дами да им зададе домашна задача. Со вакво тело во 59 година не може да се пофали секој.