Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шест државни службеници во пртивор за злоупотреба со делење субвенции
Истраги

Шест државни службеници во пртивор за злоупотреба со делење субвенции

октомври 6, 2017Updated:октомври 6, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шест лица се лишени од слобода, а едно е недостапно за органите на прогонот. Ваков е судскиот исход од вчерашната акција на МВР и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција спроведена во Скопје, Тетово, Гевгелија и Валандово.

Поднесена е кривична пријава против 24 лица за злоупотреба на службената должност при распределување државни земјоделски субвенции. Осомничените во својство на раководители и помошници на сектори и подрачни одделенија со своето незаконско работење нанеле штета на државниот буџет во износ од околу 222.000 евра – се вели во соопштението на јавното обвинителство.

Меѓу осомничените се 15 службени лица вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а останатите осомничени се физички лица и одговорни лица во правни лица во приватна сопственост. Двајца од нив се турски државјани.

Основаното сомнение е дека во периодот од 2011 година до 2016 година осомничените службени лица ја искористиле својата службена положба или овластување и ги пречекориле границите на своите службени овластувања при склучување и раскинување на Договори за закуп на земјоделско земјиште. При преземањето на незаконитите дејствија биле помогнати од останатите осомничени лица. Во исто време, одобрувале исплата по Програмата за финансиска подршка во земјоделството – субвенции, на кој начин прибавиле корист за повеќе правни и физички лица на штета на Буџетот на Република Македонија.Се вели во соопштението од јавното обвинителство.

Според информациите од МВР, раководителите во министерството за земјоделство кои што биле назначени како претседатели на Комисии за одлучување по јавни огласи за давање под закуп на државно земјиште склучиле договори со нови закупци за парцели кои што биле правно спорни и не можеле да бидат предмет на договор.

За спорните парцели барани се субвенции спротивно на Закон при што барањата за субвенции во системот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој се внесувани од лице кое што нема засновано работен однос во министерството за земјоделство. Од посоченото министерство со соопштение ја потврдија информацијата за акцијата во која се приведени нивни вработени.

Во изминатите години, растеше сумата наменета за субвенции во земјоделството, но паралелно растеше и сомнежот на јавноста за партизираност при нивната распределба.

актуелно Валандово Гевгелија македонија мвр скопје тетово
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.