Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шилегов: Има доволно време да се вклучат сите засегнати страни во изработка на новиот ГУП на Скопје
Скопје

Шилегов: Има доволно време да се вклучат сите засегнати страни во изработка на новиот ГУП на Скопје

октомври 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Во подготовката на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје (ГУП), што ќе важи од 2022 до 2032 година, повеќе од потребна е поддршката не само од Министерството за транспорт и врски, туку и од поширок круг стручни лица од различни области, од невладиниот сектор, од академската заедница и од граѓаните,
имајќи предвид дека се работи за сложен и сеопфатен процес.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти скопскиот градоначалник Петре Шилегов, по остварената работна средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески за подготовката на новиот ГУП на Град Скопје.

– Генералниот урбанистички план на Град Скопје е стратешки развоен план со општи елементи од просторниот развој во текот на наредната декада. Се донесува во услови на творечки процес на планирање со учество на сите субјекти и институции од територија на Град Скопје.

Планот ги дефинира основните наменски употреби на површините, ги претставува главните насоки на развојот на нашиот град и ја регулира главната инфраструктура, рече Шилегов. Тој додаде дека има доволно време да се вклучат сите засегнати страни во изработката на новиот ГУП.

Претходниот ГУП на Скопје е усвоен во 2012 година, а до денес, како што рече, се извршени многу парцијални измени во просторот, главно измени на програмите и локациите за определени содржини.

– Моите заложби како градоначалник се однесуваат за рационално, контролирано и флексибилно ширење на Град Скопје во насока на обезбедување одржлив развој.

Визионерско планирање на сообраќајната инфраструктура, како основен елемент на просторната комуникација, соодветно планирање на комуналната инфраструктура, посебно од аспект за инфраструктура за прифаќање, селектирање, рециклирање и депонирање цврст и друг вид отпад, како и реконструкција на досега изградените простори и блокови во простори со повисок комунален, но и амбиентален стандард, рече Шилегов.

Тој смета дека Скопје треба да биде зелен град, со многу внимателно распоредени зелени површини, повеќе функционални јавни простори од досегашните, планиран сообраќај што ќе одржи урбана одржлива мобилност и комунална инфраструктура што целосно ќе биде во функција на обезбедување чиста и здрава животна средина.

Верува дека Скопје ќе се развива и шири на тој начин што ќе се релаксира од претерана урбанизација јужниот дел од градот, на сметка на рационално користење
на неискористените, а се уште слободни површини на северниот дел на градот. Во изработката на новиот ГУП изрази надеж дека ќе бидат разгледани и можностите за остранување на некои недостотаци од постојната планска документација.

Министерот Сугарески потенцира дека Министерството за транспорт и врска ќе ги поддржи и стои на располагање на сите проекти што ги планира Град Скопје. Информира дека во финална фаза е носењето на Законот за урбанистичко планирање во Собранието.

– Амандманската расправа е завршена. Имаме технички состаноци со сите политички партии со цел да побрзо да биде донесен и имплементиран Законот за урбанистичко планирање, рече Сугарески.

Тој потсети дека во изминатиот период имале посети и увиди на неколку населени места во Скопје каде се реализираат проекти преку Министерството за транспорт и врски, како Маџир Маало, Арачиново, Ѓорче Петров, Карпош, Визбегово…

актуелно град Петре Шилегов скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.