Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шилегов и Богоев, ветија дека Скопје и Карпош ќе бидат подобри места за живеење
Скопје

Шилегов и Богоев, ветија дека Скопје и Карпош ќе бидат подобри места за живеење

септември 25, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Петре Шилегов и кандидатот за градоначалник на општина Карпош од таа партија Стефан Богоев и кандидатите за советници и нивните тимови симболично од кејот на Вардар, денеска ја започнаа изборната кампања.

Шилегов рече дека во оваа кампања ќе понудат сосема поинаков пристап и визија за тоа какво треба да биде Скопје.

„Ќе градиме инфраструктура заедно со вас и ќе го направиме сообраќајот во Скопје безбеден затоа што сообраќај не подразбира само улици, сообраќај подразбира и пешаци и велосипеди и мопеди и јавен градски превоз.

„Ќе го направиме Градот транспарентен, ќе понудиме на секој граѓанин да може во секое време да комуницира со својата локална самоуправа, ќе ги креираме бизнис политиките на начин што ќе ги враќаме парите кон граѓаните, животот да го вратиме кон сите, рече Шилегов.

Според него, Скопје, заслужува да биде модерен, европски, слободарски град каков што бил во традицијата. Посочи дека во минатото можеше да се видите токму спротивното, и затоа, како што наведе, бара поддршка за да се даде живот за сите во Скопј.

Богоев, рече дека планираат да го посетат секое семејство, сите граѓани, да разговараат со секого, да ги кажат нивните планови и да ги слушнат нивните потреби.

„Она што планираме за Карпош е на потегот од Скејт паркот до бунарите на Рашче по должина на реката Вардар да направиме голем парк, планираме нова од темел градинка во Влае 2, модерни еко-паркинзи со кои ќе го решиме проблемот со паркирање во сите делови од општината, три реонски базени на територија на општината Карпош за потребите на граѓаните, рече Богоев.

„Посочи дека исто така планираат дом за повозрасни лица кој ќе биде на кејот на реката Вардар од другата страна кај Злокуќани. Потенцира дека тој со неговиот тим планираат чесна кампања, чесен настап со чесни луѓе да ги посетат сите граѓани и да ја презентираат целосно изборната програма.

Одговарајќи на новинарско прашање, Шилегов рече дека проблемот со загадувањето во Скопје е повеќе од акутен, алармантен, се загрозува животите на граѓаните секоја зима дури почнавме и летно време да дишеме отров.

„Ќе преземеме низа интервентни мерки, од сопирање на градежните работи, мораториум на градежните работи, бесплатен јавен превоз, тоа се како акутни мерки. Во деновите кога е загадено мора да биде бесплатен јавниот превоз со цел да им порачаме на скопјани да не влегуваат во своите возила, посочи Шилегов. Најави дека наредната 2018 година започнува изградбата на секундарната гасоводна мрежа, при што најпрво ќе бидат опфатени деловите од Скопје кои не се во системот на парно греење.

„Загадувањето, како што рече, ќе се решава и со тоа што за секоја издадена градежна дозвола за еден стан во станбена зграда инвеститорот ќе биде должен да посади три до пет дрвја. Очекува со системски развој на зелените површини во 2021 година Скопје да конкурира за зелена престолнина во Европа.

актуелно богоев Вардар Европа злокуќани карпош скопје Шилегов
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.