Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шилегов: Легализацијата на дивоградбите треба да биде направена со платени комуналии и со казни
Локално

Шилегов: Легализацијата на дивоградбите треба да биде направена со платени комуналии и со казни

февруари 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Легализацијата на дивоградбите во Република Северна Македонија мора да престане, особено на начинот што досега се одвиваше, начин што за сите единици на локалната самоуправа предизвикуваше само проблеми, товари и давачки.

Управниот одбор на ЗЕЛС денеска донесе заклучок да формира посебна работна комисија која, заедно со Министерството за транспорт и врски, ќе работи на наоѓање законско решение по можност во сегашната законска регулатива за бесправно изградените објекти да бидат внесени во правниот систем на тој начин што покрај потребните комуналии што ги плаќа секој граѓанин или правен субјект, да платат и дополнителни пенали, односно казни.

„Дали тоа ќе биде преточено во законски текст на постојните законски решенија или во посебен закон ќе биде предмет на работа и на усогласување на ставовите со Министерството за транспорт и врски, изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Одговарајќи на новинарско прашање, Шилегов рече дека интерес на општините е да престане легализацијата на дивоградбите што досега се одвиваше за едно евро по квадратен метар, а оној што има бесправно изграден објект мора да ги плати комуналиите како што ги плаќа секој граѓанин и да плати соодветни пенали и казна за сопствената бесправна изграденост.

„Ние под правичност подразбираме изедначување на луѓето кои ги почитувале законските прописи и плаќање казна за оние што не ги почитувале законските прописи, а не да бидат подредени граѓаните кои редовно си ги намирувале давачките наспроти оние што влегувале во свесно кршење на законот, рече Шилегов.

Тој додаде дека е важно да се најде решение што нема да креира само обврски за општините, туку напротив, ќе им даде и определени права.

Најави дека најбрзо што е можно ќе стапат во контакт со Министерството за транспорт и врски со цел да биде најдено вакво решение.

Според податоците со кои располага ЗЕЛС, во нашата држава има над 70 илјади индивидуални и деловни објекти што сè уште не се во регулиран правен промет.

дивоградби ЗЕЛС легализација
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026

ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер

ноември 23, 2026

Времето денеска облачно со дожд, на места со засилен ветер

ноември 23, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.