Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шок во Брисел откако се обелоденија повеќе силувања во познато кафуле
СВЕТ

Шок во Брисел откако се обелоденија повеќе силувања во познато кафуле

октомври 13, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сведоштвата се множат секојдневно на социјалните мрежи, повеќе девојки пишуваат дека биле дрогирани и потоа брутално силувани од келнер во кафулето “Ле Ваф“ во студентскиот дел на градот. Девојки и анонимни вработени во кафулето предупредуваат дека газдата не само што не го санкционирал осомничениот силувач, туку го преместил да работи во друго кафуле.

Дури по бројните сведочења бриселската полиција отвори истрага, но повеќе жртви во меѓувреме се огласија дека претходно поднеле пријави кои биле отфрлени од страна на полицијата.

Темата стигна и до медиумите во последните два дена.

Девојките кои сведочат раскажуваат сите сличен модус операнди од страна на келнерот: “ме најдоа гола и несвесна, не можев да одам веќе, нема сила во телото, се сеќавам само на неколку моменти од вечерта“.

Станува јасно дека едно од најпосетуваните кафулиња, “Ле Ваф“, но и “Ел Кафе“, во студентскиот кварт во Брисел биле повеќепати местото каде што студентки се нашле во иста ситуација. Келнерот ставал дрога во пијачките на своите жртви, по што им нудел да ги придружи до дома. Сите девојки велат дека изгубиле меморија или свест во даден момент откако ја испиле пијачката. Станува најверојатно збор за дрогата “ГХБ“, позната како дрога на силувањето.

Се намножија и сведоштва за расизам во истите кафулиња, на повеќе клиенти со африканско потекло им бил забранет влез.

На социјалните мрежи се повикува на масовен бојкот на овие популарни места за младите.

Газдата на кафулињата досега не се огласил, не одговара на повиците на новинарите, но во објава на социјалните мрежи кафулето тврди дека “многу сериозно ги сфаќа обвинувањата“. Според последните информации вработениот е суспендиран.

Јавното обвинителство во Брисел соопшти вчера дека е отворена официјална истрага.

Градоначалникот на општината каде се наоѓаат кафулињата изјави и дека ги повикал сопствениците и менаџерите на кафулињата за да ги слушне нивните објаснувања, и ќе информира какви мерки ќе бидат преземени откако ќе добие повеќе детали од полицијата.

Според него е време за “структурна работа“ со целиот угостителски сектор во неговата општина, сопствениците на дискотеките и кафулињата ќе треба да поднесат планови како ќе ја засилат безбедноста на нивните клиенти, посебно жените.

 

 

ФОТО: МИА

Брисел кафетерија кафуле силување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Италија го менува својот изборен систем

октомври 9, 2026

Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести

октомври 9, 2026

Фон дер Лајен се очекува да ги претстави реформите пред проширувањето на ЕУ

октомври 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.