Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ШОК ВО ОКЛАХОМА: На имотот на осуден силувач пронајдени 7 трупови
Во Фокусот

ШОК ВО ОКЛАХОМА: На имотот на осуден силувач пронајдени 7 трупови

мај 2, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Тела на седум лица, меѓу кои и на две исчезнати тинејџерки и осуден сексуален престапник, беа пронајдени во понеделникот попладне на имот во близина на малиот град Хенриета, Оклахома, објави окружниот шериф.

„Телата, за кои се верува дека се 14-годишната Ајви Вебстер и 16-годишната Британи Бруер, биле пронајдени кога полицајците го пребарале имотот каде живеел сексуалниот престапник Џеси Мекфејден“, изјави на прес-конференција шерифот на округот Окмулџи, Еди Рајс.

„Другите тела најверојатно се телата на Мекфејден и членовите на неговото семејство“, рече Рајс, истакнувајќи дека ниту една од жртвите сè уште не е официјално идентификувана од страна на истражителителите.

Округот претходно вчера издаде предупредување во кое се наведуваше дека двајца тинејџери се исчезнати, но истото беше повлечено откако беа пронајдени телата.

„Нашите срца се со семејствата и пријателите, соучениците и сите останати. Ова е трагедија“, рече Рајс.

Рајс истакна дека полицајците пристигнале околу 15 часот по локално време за да го пребараат имотот и ги пронашле телата.

Телевизиската станица КОТВ објави дека Британи Брејер отишла да помине викенд со семејството Мекфаден, повикувајќи се на нејзиниот татко Нејтан Брејер.

Требало да се врати дома во недела навечер, но никогаш не стигнала.

„Британи беше отворена личност. Беше избрана да биде ‘Госпоѓица Хенриет’ која во јули ќе оди на Националниот натпревар за мис во Тулса, а сега нема да успее бидејќи е мртва. Ја нема“, изјави татко и.

На триесет и деветгодишниот Мекфејден вчера требаше да му се суди за користење мобилен телефон, додека бил во затвор, за испраќање сексуални пораки на тинејџерка, објави телевизијата.

Регистарот на сексуални престапници во Оклахома покажува дека Џеси Ли Мекфејден живее на адресата каде што се пронајдени телата.

Во 2003 година беше осуден за силување во Оклахома.

Џералд Дејвидсон, портпарол на Државното биро за истраги во Оклахома, рече дека едно лице вчера ѝ кажало на оперативната група за насилен криминал во Бирото на окружниот јавен обвинител на округот Окмулџи, дека двете девојки можеби се на имот во близина на Хенриета.

„Замениците на Шерифот двапати излегле на лице место. Првиот пат со никого не стапиле во контакт, но при втората посета откриле докази кои ги доведоа до телата“, изјави Дејвидсон.

актуелно Америка Оклахома силување шериф
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.