Североисточната шпанска покраина Каталонија доби судско одобрување за воведување на ноќен полициски час, додека Мадрид дели милиони тестови за да спречи понатамошно ширење на „омикрон“ варијантата на корона вирус.
Шпанија ги укина повеќето рестриктивни мерки во текот на летото, потпомогата од високата стапка а вакцинација, пренесуваат агенциите.
„Омикронот“ во средата доведе со рекордни 60.000 новозаразени, заради што делови на Шпанија се одлучија за затварање.
Најстроги мерки превзеде Каталонија која од вечерва им забраува на своите жители да го напуштаат домот меѓу 01 и 06 часот наутро.
Покраината Мурсија, на југот, нареди затварање на дуќаните и објектите во 01 часот, со тоа значително ограничувајќи ја работата на кафетериите и рестораните во покраината, во која вообичаено се отворени до „ситни саати“.
Регионот околу Мадрид се фокусираше на подобро тестирање, ветувајќи дека во текот на Божиќните празници надлежните ќе поделат 12 милиони тестови.
Состанокот на регионалните лидери кој во средата го свика премиерот Педро Санчез, не резултираше со широк договор за мерки, освен задолжително носење маски и на отворено.
Министерката за здравство, Каролина Дариас, претставувајќи ја таа мерка нагласи дека нема потреба за тревога.
„Не сме во иста состојба како минатиот Божиќ. Пресвртница е високата стапка на вакцинирани“, рече Дариас.







