Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шпанците без млеко, Италијанците со скап леб
Анализи

Шпанците без млеко, Италијанците со скап леб

март 24, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Се чини дека короната ги излечи луѓето од вознемиреност од недостиг на храна и хигиенски производи, но војната во Украина ги разбуди вечните стравови.

Цените на енергијата се вивнаа до небо, вртоглаво пораснаа, а по нив тргнаа и оние во продавниците, делумно и заради паничното купување. Синџирите за снабдување попуштија во Шпанија, во Франција се подготвуваат ваучери за храна за најзагрозените, а Германците се жалат на двојно зголемените ценовници. Лебот во Милано достигна неверојатни – осум евра. Мадриѓаните вчера, на покана од главните синдикати, со демонстрации го кренаа гласот против поскапувањето.

Штрајкот на превозниците во Шпанија трае веќе две недели. Транспортните компании ги паркираа камиони поради цените на бензините. Литар гориво, безоловен бензин, во оваа земја минатата недела достигна две евра. Сега е околу 1,8 евра, додека дизелот се движи од 1,78 до 1,83 евра. Во Шпанија бензинот е, во принцип евтин, поевтин од, на пример, во Германија и Португалија. Во тие земји горивото одамна достигна две евра за литар.

Запрениот транспорт ги испразни полиците. Недостига млеко, брашно, масло, кујнска и тоалетна хартија. Нема во изобилство ниту ориз, грав, леќа… Еден ден има целосно празна полица со чипс во продавницата, а следниот ден има чипс, но нема бисквити. Како кој производ доаѓа, така се додава. Минатата недела прометот во продавниците беше за петтина поголем од претходната година.

Двете недели од штрајкот ја чинеа шпанската прехранбена индустрија 600 милиони евра. Супермаркетите, како што пишува шпанскиот „Ел Паис“, станале показател на времето, а меѓу неговите „коридори“, како малку каде, можат да се видат последиците од инфлацијата, комерцијалните тесни грла и геополитичките работи.

И во Франција, цените на енергенсите доведоа до повисоки цени на многу производи, вклучително и на земјоделските. Во март, инфлацијата беше четири проценти на годишно ниво. Особено е забележливо поскапувањето на гасот во домаќинствата. За да ги намали маките на граѓаните, владата ги замрзна цените до крајот на оваа година, што веднаш предизвика пад од 16 отсто, но тоа, сеедно, е пораст од близу 40 отсто во однос на октомври лани.

Се закануваше и поскапување на (се поскапата) струјата, за цели 44 отсто, па државата интервенираше, ги намали даноците и го ограничи скокот на 4 отсто годинава. Исто така, властите од 1 април ќе им даваат на граѓаните субвенции од 15 центи за секој купен литар гориво на бензинските пумпи. Но, тоа нема да ги врати цените по старо. Литар гориво моментално чини околу 2 евра, а тоа влијае на цената на се, од леб до шампон.

Италија увезува голем дел од својата пченица од Источна Европа и 80 отсто од сончогледовото масло од Украина. Затоа сега растат цените на брашното и тестенините. Во градовите, од Болоња до Трент, цената на лебот за килограм надминува шест евра, додека во Милано е за две евра поголема.

„Произведувај повеќе“. Тоа е нова максима на Европската унија, соочена со горката земјоделско-прехранбена реалност, среде војната во Украина. Европската комисија подготви „аграрен патоказ“ кој има намера да ја зачува безбедноста на храната и да ја зајакне отпорноста на системот за храна.

Конкретно, намерата е помалите земјишта да се одвојат за биокултури и да се дозволи употреба на одредени пестициди. Во Брисел посочуваат дека за проширување на производните капацитети ќе им овозможи на земјите членки привремено отстапување од одредени обврски од зелениот план на полињата изорани веднаш по летната жетва, за да се подобри приносот на следната сеидба, кои се дел на подрачјето од еколошки интерес. Се подготвува и „протеински план“ за поголемо одгледување на соја и пченка.

Некои членки, меѓутоа, свртуваат внимание дека не би требало да се прекине „зелениот договор“, а тоа е мислењето и на Европската комисија. Од друга страна, некои, пак, ја користат можноста да се отстапи од строгите правила кои до 2030 година предвидуваат двојно помало користење на пестициди и за 20 отсто помалку вештачко ѓубриво, според политиката „Од фарма да вилушка“.

Европската унија, исто така, планира да користи пари од кризниот фонд тежок 450 милиони евра за да им помогне на европските земјоделци во актуелната криза. За да се врати стабилноста на цените, на државите ќе им се овозможи и дополнителна помош.

Официјалната статистика бележи инфлација од 6,2 отсто во Велика Британија, што е максимум за последните 30 години. Националното биро за статистика (ONS) посочи дека најголеми двигатели на растот на инфлацијата биле цените на енергијата за домаќинствата и бензинот. Регулираните цени на енергијата за домаќинствата следниот месец ќе скокнат за повеќе од 50 отсто.

 

 

 

 

(Фото: Танјуг/АП)

актуелно бензин Велика Британија инфлација италија млеко Украина Шпанија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.